19 јуни, 2023 г.
Потпишан Протокол за соработка помеѓу НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и ЈУ Библиотека „Бора Станковиќ“ од Врање. Протоколот на српски и македонски јазик во присуство на колеги од двете Библиотеки и поканети гости од јавниот и културниот живот на Врање го потпишаа директорите Зоран Најдиќ и м-р Милчо Јованоски.
Со овој протокол се потврдува трајната ориентација на охридската библиотека за воспоставување и ширење на соработката со библиотеки од регионот, рече во таа пригода директорот Јованоски.
Со овој документ се дефинирани партнерските односи со цел размена на искуства, поврзување на луѓето, библиотекарите, институциите и размена на книги и други материјали. И на овој начин покажуваме подготвеност да го збогатиме културниот дијалог, рече директорот на библиотеката од Врање, Зоран Најдиќ.
На настанот присуствуваше и градската советничка за култура Изабела Савиќистакна дека градското раководство секогаш ќе ја поддржува секоја иновативна идеја која ќе значи унапредување на културните потенцијали на градот.
Верувам дека со потпишаниот Протокол ќе биде воспоставена соработка која ќе придонесе за меѓусебна размена на идеи, промоција на културно – историското наследство на Врање и Охрид, како и реализација на нови меѓународни проекти, рече Савиќ.
Охридската библиотека пред присутните се претстави со видео проекции сврзани со животот и делото на патронот – поетот и преродбеник Григор Прличев.
Во знак на воспоставената соработка НУ Библиотека „Григор Прличев“ подари книги со што го збогати македонското катче на библиотеката во Врање, а над 50 нови македонски наслови беа подарени и на македонското здружение „Гоце Делчев“ од Врање.
Договорено е во август делегација од библиотеката од Врање да ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
НУ Библиотека