BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

По Охрид во Врање, Врање во Охрид – Библиотеките активно соработуваат

септември 18, 2023
in Актуелно
По Охрид во Врање, Врање во Охрид – Библиотеките активно соработуваат

18 септември, 2023 г.

Деновиве во тридневна посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше делегација од ЈУ Библиотека „Бора Станковиќ“ од Врање, Република Србија предводена од директорот Зоран Најдиќ. Претходно во јуни охридската Библиотека гостуваше во Врање и во таа пригода беше потпишан Протокол за долгорочна соработка меѓу двете установи.

Гостите од Врање се претставија со интересна тема: Обработка, презентација и негување на културниот идентитет на нивниот град. Договорени се активности и веќе се разменуваат идеи меѓу библиотекарите од двете Библиотеки за нивна реализација, контактите паралелно се одвиваат на неколку нивоа и ефектите се надеваме за скоро ќе бидат видливи, вели Милчо Јованоски, директор на Библиотеката „Григор Прличев“.

Во план е размена на програми кои се однесуваат на современата книжевна сцена и заедничко конкурирање пред ЕУ фондовите за култура.

Како институција сме заинтересирани за она што тие го имаат како напредок, дигитализацијата на книжниот фонд. Проект кој ние го подготвивме, токму со нивна помош и се надеваме дека нашето ресорно Министерство догодина ќе го финансира. Ние ќе им помогнеме во она во кое сме малку понапред, а тоа е процесот на заштита на старите и ретки книги, проект кој исто така го финансира нашето Министерството за култура. Подготвуваме мало, но современо депо за стари и ретки книги, тој проект е пред крај и ќе го промовираме следниот месец – октомври кој традиционално со децении се одбележува како „Месец на книгата“, вели Јованоски.

Претходно при посетата на Врање, охридската Библиотека донираше книги од македонски автори за тамошното македонското друштво, а одреден контингент од педесетина книги беше подарен и во Библиотеката во Врање со што е збогатено нивното македонско книжевно катче.

Кај нас реализиравме неколку кампањи, кога станува збор за дигитализацијата. Тоа е еден обемен и сериозен процес од кој произлегуваат голем број обврски, кои ние како културна установа која претендира да биде еден од лидерите на културната политика во јужниот дел на Србија се обидуваме да ја споиме традицијата со современите технологии, додава Јованоски.

„Да бидеме први, кои книжниот фонд ќе го обработат и афирмираат“, кажа Зоран Најдиќ, директор на ЈУ Библиотеката „Бора Станковиќ” од Врање.

Делегацијата од Врање беше во посета на Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид каде беше примена од почесниот конзул Михајло Филев.

Среќен сум и горд што сум им домаќин на гостите од соседна Србија, предводени од Зоран Најдиќ, директор на ЈУ Библиотека „Бора Станковиќ” од Врање и нашиот добар домаќин, м-р Милчо Јованоски – НУ Библиотека „Григор Прличев“ кои заедно реализираат еден прекрасен проект започнат во Врање, пред три месеци. Проект кој ќе придонесе за една културна соработка меѓу двете библиотеки. А ќе се отвори со тоа уште едно поглавје за повеќе библотеки да се вмрежат во реализацијата на други проекти, рече Филев на средбата.

Тој подробно ги информира гостите за активностите и секојдневните преземања на Почесниот конзулат и неговата лична вклученост и посветеност во интензивирање на врските меѓу македонските и српски граѓани, институци, здруженија и поединци.

Гостите од Врање се запознаа со културно – историското наследство на Охрид беа во посета на Куќата на Робевци, работилниците за стара хартија и изработка на бисери од семејството Филеви.

НУ Библиотека

Посетеност: 126
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
ТВМ Охрид: Годишно бесплатно членство во НУ Библиотека „Григор Прличев“

ТВМ Охрид: Годишно бесплатно членство во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Поврзани вести

Донација на ЕМИТЕР за нашата библиотека

Донација на ЕМИТЕР за нашата библиотека

април 6, 2022
Запознајте ја Наташа Алексовска – Малечка и нејзиното творештво

Запознајте ја Наташа Алексовска – Малечка и нејзиното творештво

декември 23, 2021
И при Ковид-19 ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори

И при Ковид-19 ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори

август 7, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 126

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?