BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во спомен на писателот и колега Тоде Илиевски

март 7, 2022
in Актуелно
Во спомен на писателот и колега Тоде Илиевски

7 март, 2022 г. 

Денеска напладне во Прличевата одаја во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи средба посветена на животот и творештвото на нашиот колега и писател Тоде Илиевски. 

За животот и творештвото на Илиевски ќе беседат: Мирко Томовски, Славе Ѓорѓо Димоски, Милчо Јованоски и Наум Трајчески од Квинбијан – Австралија.

Песни од покојниот Илиевски ќе читаат Весна Симоноска и Елизабета Бојчевска.

Ако физички денес беше меѓу нас Илиевски ќе го славеше 70 роденден, но не успеа да се избори против короната таа за него беше кобна. Почина на 29 јануари, годинава.

Тоде Илевски е  поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Toj е роден 1952 година во село Мраморец. Гимназија завршил во Охрид, а Филолошки факултет во Скопје.

Автор е на книгите: „Ведро едро” – поезија за деца, 1990  и „Концерт за шумите” – поезија,1992 г. „Изворите во горите” поезија за деца . 1999 г. „Зелен блен” – поезија, 2001 г. „Лов на Лебедовото Езеро“ – поезија 2008 г. „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“, ко-авторство со Виолета Мартиновска .„Липов чај” – поезија за деца, 2008 г. „Ќерката на поетот“ поезија, 2011  г. и „Јатките на загатките“  2017 г.

Членувал во редакциите на „Јужен бран”, „Спизалит“ и „ Радосна вест”. Одделни песни му се препеани на други јазици. Тој преведува од словенските јазици. Објавил преку 9000 енигматски состави, претежно анаграми, палиндроми и ребуси.Најголемиот дел е публикуван во „Котелец” (рубриката „Пегаз“, а помалиот дел во  хрватски и  српски енигматски списанија. Застапен е во „Лексиконот на енигматичарите на Југославија“. (Бјеловар  1979) „Мал енигматски датумар” (Бјеловар 1983), како и во разни избори во енигматските списанија.

Објавил околу 450 шаховски проблеми во бројни специјализирани списанија за шах во 20 земји. Застапен е во Антологијата на македонскиот проблемски шах  и во  светската антологија  „Албум ФИДЕ”.

Тоде Илиевски уште од гимназиските денови  учествувал и бил наградуван на литературни конкурси  во Македонија (1970 – 1975) и на Фестивалот на југословенската поезија на младите  (два пати избран  меѓу 500 учесници) во некогашен Титов Врбас 1971. 72 г. Добитник е на Повелба на Св. Климент (за творештво, 2002 г.). Награда на Празникот на липите за песна во 2003 и 2006 г. Награда на фестивалот „Славјанска прегратка” – Варна, 2008 г. Награда на издавачката куќа „Феникс” за кус расказ, 2008 г. Награда „ Ванчо Николески” за најдобра книга за деца за 2009 г. и Награда  „Игнација” на Балканскиот поетски фестивал „ Розите на Елбасан” – 2010 г.

Член на ДПМ беше од 1994 година. Живееше и твореше во Охрид. Еден период беше прв човек на Радио Дебар, од 2007 до 2011 г. беше директор на НУ . Библиотека „Григор Прличев” – Охрид од каде во 2019 г. и се пензионира.

НУ Библиотека

Посетеност: 194
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа омаж во чест на Тоде Илиевски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа омаж во чест на Тоде Илиевски

Поврзани вести

„Обои го животот“ нова книга од Академик Миле Миќуновиќ

„Обои го животот“ нова книга од Академик Миле Миќуновиќ

јануари 31, 2021
Се одржа традиционаланата „Вечер на Чинго“

Се одржа традиционаланата „Вечер на Чинго“

август 14, 2021
Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

април 24, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 194

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?