BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

„Обои го животот“ нова книга од Академик Миле Миќуновиќ

јануари 31, 2021
in Нови книги
„Обои го животот“ нова книга од Академик Миле Миќуновиќ

31 јануари, 2021 г.

Во богатото книжевно и издавачко портфолио на академик Миле Миќуновиќ, прва oваа година, излезе 110  негова книга преполна со животна мудрост, едноставно наречена „Обои го животот“. Издавач е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. 

Велат секој човек е сам кројач на својата среќа или ако сакате судбина.  Секој човек е со своја и нова филозофија. И најверојатно и во тоа е убавината на живеењето.

Животот наликува на концентрични кругови или атлетска патека. Некому целта му е поблиску, некому недостижна а сите се трудат да живеат подбро и да стигнат до среќата која е релативна работа.

Некому животот му наликува на воз без возен ред. Во кој се знае првата станица а крајот може само да се насетува. Во него, како и во животот влегуваат луѓе кои стануваат дел од Вас, но и многу кои веќе на следната станица ќе се симнат и никогаш нема да се сретнете. Ќе ви останат само во сеќавањата…

Што би било кога сите би биле исти во размислувањата, погледите, сфаќањата… Светот така би престанал да се движи.

Ако некој ви рече: Обои го животот. Зависно од расположението така ќе го обоите платното, ќе запишете на листот хартија, ќе возвратите некому во разговорот или пак таква песна ќе запеете.

Ако му се насмееш на огледалото и тоа ќе ти се насмее. Тагата и радоста се другарки и одат заедно – наше е да одлучиме со која побрзо ќе воспоставиме комуникација.

Меѓу кориците има 10 000 мисли, одберете и прочитајте барем по три и ако се пронајдете во некоја од нив, среќни сме ако со тоа сме ви помогнале.

Обои го животот само по Ваше. Ништо не е ниту приближно исто како оригиналот. Играјте ја главната улога во вашето битисување не дозволувајте некој да ве турне на маргините. Секој човек заслужува да биде среќен – но среќата треба да се бара…

Затоа, никогаш не се откажувајте. Биде храбри и борете се со предизвиците. Најслатка е победата која сами ќе ја добиете.  Животот е еден нема реприза – некој ќе рече клише ама вистина е така.

Академик Миќуновиќ не застанува, веќе подготвува нова книга „Црквите во Охрид“.

НУ Библиотека

Посетеност: 399
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 16, 2026
0
По Скопје и во Охрид беше промовирана монографијата „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

        Во Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска  беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ На промоцијата д-р Ачкоска...

Read more

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

by Admin
април 1, 2026
0
По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид 2 април – Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца...

Read more

Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

by Admin
февруари 9, 2026
0
Наградената поема „Темна кутија“ од Братислав Ташковски можете да ја зајмите кај нас

Во рамките на „Прличевите беседи“2026 деновиве на авторот Братислав Ташковски му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски, за поемата „Темна кутија“ . Поемата може...

Read more

Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

by Admin
јануари 16, 2026
0
Излезе од печат стихозбирката „Гороцвети“ од Зора Златева

          Книжевниот трезор на  Охрид е побогат за уште една стихозбирка. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“Охрид излезе од печат третата стихозбирка „Гороцвети“ од роднокрајната авторка...

Read more

Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

by Admin
декември 29, 2025
0
Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

 Деновиве од печат излезе книгата со афоризми, хуморески, епиграми и добри мисли „Детоксикација“ од роднокрајниот автор Крсте Шопоски во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Шопоски е...

Read more
Next Post

Почина роднокрајниот автор - д-р Стојан Ристески

Поврзани вести

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“

јули 7, 2021
Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

декември 6, 2021
„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

ноември 3, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 399

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?