7 март, 2022 г.
Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ колегите писатели и колегите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ преку едночасовен омаж се потсетија на животот и творештвото на неодамна починатиот Тоде Илиевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист од Охрид.
Воведничари во настанот, насловен „ Во спомен на нашиот Тоде“ беа Мирко Томовски, Милчо Јованоски и Славе Ѓорѓо Димоски.
Да беше жив денеска Тоде ќе го славеше 70 роденден, рече директорот на нашата библиотека Милчо Јованоски.
Тој потсети на познанството и колегијалните денови со Тоде а пред присутните беа емитувани два аудио материјали авторство на Јованоски. Разговор со писателот и поет Наум Трајчески од Квинбијан – Австралија и дел од интервју со покниот Тоде од проектот на нашата установа „Аудио записи со роднокрајни автори“
Наум Трајчески, Квинбијан
Тоде Илиевски
Во чест на Тоде говореа уште неколку почитувачи на неговото дели и соработници од Охрид: Мерсиха Исмајлоска, Смиле Наумоски – Брсјак, Елена Обухова, Милован Србиноски…
Стихови од починатиот колега читаа колешките Елизабета Бојчевска и Весна Симоноска.
НУ Библиотека