Завршија јубилејните 70 Прличеви беседи

Завршија јубилејните 70 Прличеви беседи

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 06 Feb 2022

6 февруар, 2022 г.

Чествувањата во чест на ловороносецот  „Григор Прличев“  денес продолжија  со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од   градоначалникот Кирил Пецаков и останати претставници од политичкиот и јавниот живот и делегации од установите чиј патрон е Прличев. 

Пред  бистата  на преродбеникот Прличев  кај НУ библиотека „Григор Прличев“ делгации по традиција  положија  свежо цвеќе.

Градоначалникот  Пецаков потоа им врачи награди  на  учениците Марија  Јакимоска и Кирил Мартиноски чии литературни творби  беа избрани за најдобри по претходно распишан литературен конкурс на Општина Охрид. Беседа за Прличев во име на Друштвото на писатели на Македонија одржа Зоран Пејковски .

Меѓу делегациите кои положија свежо цвеќе по традиција беа и наши вработени од НУ Библиотека „Григор Прличев“ : Клеарета Ѓорческа, Владимир Куциноски, Никола Ристовски, Мариче Боздоганова, Елена Станкоска и Николче Блажески.

Фото: Општина Охрид и НУ Библиотека

НУ Библиотека