29 декември, 2021 г.
Во пресрет на Нова година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вчера даруваше донирани книги за децата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.
Претставничките на библиотеката на директорката на охридските градинки Мери Рилкова и подарија примероци од сликовниците од циклусот „Мила“ од авторката и голем донатор на книги Марија Џоџа Симон од Битола која живее во Германија , како и донирани книги од семејството на охридскиот автор Миле Волканоски „Добриот учител“ и „Приказна за штурецот и мравките“.
За возбудата и восхитеноста на децата при средбата со книгите најдобро сведочат фотографиите.
НУ Библиотека