Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 29 Sep 2021

29 септември, 2021 г.

Од новите набавени книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид оваа среда ги издвојуваме романите:

Чиракот од Тес Геритсен, Сите стравови на светот од Алкес Финлеј, Криптолог од Изабела Малдонадо,  Мостот на Клej од Маркус Зусак и Гробот на планината од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт.

Романите се во издание на Матица и Сакам книги.

Годишната членарина во библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Работното време на пултот за зајмување книги од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека