BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

мај 23, 2021
in Актуелно
24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

24 мај, 2021 г.      

Денот на свети Кирил и Методиј првпат кај нас бил одбележан во 1860 година, во црквата „Св. Богородица“ во Скопје.

Во 11 век црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога почнала Моравската мисија.

Иако св. Кирил и Методиј се признаени и се слават како сесловенските просветители и учители, а нивниот ден – 24 Мај (денот кога почнала Моравската мисија) е македонски државен празник, нивното дело, создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, претставува извориштето, основата од која понатаму тргнале по својата развојна линија да се формираат денешните современи словенски јазици, како и на македонскиот јазик.

Да се потсетиме за да не се заборави:

Со доаѓањето на Словените во Македонија, тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост. Словените од староседелското население го примиле писмото кое било во употреба на тие простори и го користеле во писменото изразување. Но со постојните букви на грчкото унцијално писмо или со римското латинично писмо, не можеле да ги пишуваат сите карактеристични словенски гласови кои ги изговарале. Поради тоа, се појавила потреба да се создадат нови знаци – букви, со кои ќе се пишуваат словенските зборови, те. писмено ќе се забележува јазикот на Словените. Создавањето на азбука за Словените било дипломатски чекор на Византија, а со азбуката византиската придобивка била двојна. Прво – полесно се ширело Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги балканските словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против Бугарската држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот.

Познати се нивните мисии кај Сарацените,Брегалничката мисија,  Хазарите и Аланите и последната и најпознатата нивна мисија во Велика Моравија и таа во Панонија

Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот брат Методиј.

Константин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија.

Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, Методиј на 20 годишна возраст, од визнтискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија.

Константин, познат под монашкото име Кирил, бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет (Магнаурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован стекнал голема доверба на византискиот двор.

Во 863 год. моравскиот кнез Ростислав побарал од Византискиот император Михаил III да му испрати мисионери за заштита од влијанието на германското свештенство и германските мисионери. Византискиот император на мисија во Велика Моравија ги испратил  Константин и Методиј. Специјално за престојната мисија, браќата создале посебна азбука според јазикот кој го зборувале Словените, составена од 38 букви, Оваа азбука наречена е ГЛАГОЛИЦА. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.

Нивната дејност наишла на силен отпор кај германските свештеници кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глагоското писмо.

Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до Папата Никола И, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со Папата.

За делото и големината на браќата Константин и Методиј, дознал и кнезот Коцел од Панонија, кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методија останале во Панонија 6 месеци и во тој период го ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население. Од таму преку Венеција, отпатувале во Рим.

Во Рим браќата биле примени од Папата Адријан II затоа што Никола I штотуку починал. Нему му ги предале моштите од папата Климент I. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на Христијанството и поради честа која му ја направиле на починатиот папа Климент I, Адријан II, го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги кои биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од Папата кој дозволил во Велика Моравија и Панонија да се богослужбува на словенски јазик.

Во Рим, Константин тешко се разболил. Се замонашил во февруари 869 година и по педесетина дена починал. Непосредно пред смртта го примил монашкото име Кирил. Неговото тело со високи верски почести било положено во црквата „Св. Климент“ во Рим каде што се наоѓа до денешни дни.

Методиј, со од папата добиениот архиепископски чин се вратил во Велика Моравија за да продолжи со мисијата. Заедно со своите ученици, дејноста ја вршел со големи тешкотии поради силниот притисок од германското духовенство, се до смртта во 885 год.

НУ Библиотека

Посетеност: 503
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје почна со дигитализација на старите збирки

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје почна со дигитализација на старите збирки

Поврзани вести

Вечерва во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“

Вечерва во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“

декември 24, 2021
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

мај 13, 2025
Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

септември 11, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 503

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?