BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

април 23, 2021
in Актуелно
Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

23 април, 2021 г. 

Синоќа преку интернет платформата Зум во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Здружението  за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната “ – Охрид преку првата онлајн средба го започнаа проектот „За вкусовите се дискутира“.

Преку овој своевиден Клуб на читатели кој ќе функционира и во време на пандемија, идејата е да се популаризираат книги, автори и читањето меѓу младите, но и меѓу сите вљубеници во литературата,стои во Меморандумот потпишан од вд. директорката на Библиотеката Гордана Змејковска и претседателот на Здружението „Соната“ Даниел Наумовски.

Во своето обраќање по повод почетокот на заедничката активност директорката Змејковска, рече:

-Почитувани, вљубеници во литературата , драго мие што сум дел од овој настан  кој се надевам ќе постане традиција со која ќе се гордееме и ние од Библиотеката и нашите пријатели и соработници од Здружението СОНАТА од Охрид.

Потпишаниот Меморандум за соработка е само една рамка која ќе се надополнува и ќе биде поттик за нови идеи и форми на соработка на нашата установа и со други асоцијации и здруженија , како што било впрочем и досега.

Честит нека ни е утрешниот Светски ден на книгата и авторското право.

Ако светот ги има еден Шекспир и Мигел де Сервантес кои и ние ги славиме,  за нас за македонската литература и јазик најмаркантна фигура е  Блаже Конески.Токму оваа 2021 е негова година прогласена од Владата и Министерството за култура,

Оваа вечерашна дебата е само почеток на нашите активности во знакот на Конески.

Посакувам успешна работа на Проектот „За вкусовите се дискутира“., рече Змејковска.

Со доза на возбуда и желба за соработка и заедничко откривање нови светови преку книгите беше и обраќањето на првиот човек на „Соната“ Даниел Наумовски. Тој нагласи дека во Проектот кој од самиот старт е препознаен од вистинските читатели и вљубеници во литературата желба да се вклучат активно во неговата реализација изразиле и од Младинскиот образовен форум МОФ од Скопје. Тоа на проектот му дава уште една димензија на распространетост и можност да се слушнат квалитетни дебати, додаде Наумовски.

Во чест на големиот Конески беа презентирани био – библиографски податоци сврзани со неговиот живот и дело а учесниците на настанот читаа и негови стихови.

Посебен интерес побуди интервјуто со проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ која за својот некогашен професор и колега последниве години има напишано три книги и една заедничка „Тиквешкиот зборник“ . Еве како таа го доживеала Конески.

Со клик на линкот слушнете го интервјуто кое со д-р Антиќ го реализира Милчо Јованоски:

https://bibliotekaohrid.mk/wp-content/uploads/2021/04/vera-stojceska-antic-za-koneski-1.mp3

Инаку,  Проектот „За вкусовите се дискутира“ ќе се спроведува во текот на една година. Замислата е еднаш месечно да има онлајн средба на која ќе се разговара на теми од литературата.

Координатор на проектот  од „Соната“ е Сара Коваческа а од НУ Библиотека м-р Милчо Јованоски. Тие двајца заеднички ќе ја осмислуваат програмата за секој месец одделно. Во Проектот ќе бидат вклучени и други членови на здружението и библиотекари од НУ Библиотека – Охрид.

 

НУ Библиотека

Посетеност: 146
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид ја интензивира соработката со Британскиот совет од Скопје

НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид ја интензивира соработката со Британскиот совет од Скопје

Поврзани вести

Во понудата на Библиотеката уште осум нови наслови

Во понудата на Библиотеката уште осум нови наслови

август 18, 2021
НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележа 80 години од формирањето

НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележа 80 години од формирањето

ноември 24, 2024
ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

јуни 1, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 146

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?