Додека трае вонредната состојба Библиотеката нема да работи

Додека трае вонредната состојба Библиотеката нема да работи

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 21 May 2020

22 март. 2020 г.

Поради епидемијата на коронавирусот – Ковид 19 се додека трае вонредната состојба НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде затворена.Владата на Република Северна Македонија, на 25-тата седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста KОВИД-19 , донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

НУ Библиотека