Подаривме книги на Здружението „Мобилност“ Охрид

Подаривме книги на Здружението „Мобилност“ Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 17 Aug 2020

17 август,2020 г.

Деновиве, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на своите програмски активности за ширење на читателската публика и култура  на Венко Голабоски, претседател и на Снежана Танеска – член на Управниот одбор  на здружението на лица со телесен инвалидитет од општините Охрид и Дебрца „Мобилност – Охрид 1988“ им подари книги од сопствено издание за нивната библиотека.

Во нив има и книги кои претходно поголем број автори меѓу кои и Вера Самарјанин и Миле Миќуновиќ ги подарија на Библиотеката за во нивно име оваа установа да ги подарува таму каде што ќе се добредојдени и посакувани.

Според зборовите на претседателот на „Мобилност“ Голабоски,  нивните членови од почетокот на септември книги ќе можат да ги читаат и разменуваат бесплатно.