BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Огледало

Во пресрет на празникот на Охрид – Денот на Св. Климент Охридски

декември 6, 2020
in Огледало
Во пресрет на празникот на Охрид – Денот на  Св. Климент Охридски

7 декември, 2020 г. 

Македонската православна црква и градот Охрид, со посебно внимание, но и со гордост го празнуваат споменот на својот патрон свети Климент Охридски Чудотворец. И НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид го одбележува овој ден. На наша молба професорката по македонски јазик и книжевност Марија Стрезоска подготви текст посветен на животот и делото на Св. Климент Охридски. 

Првиот македонски архиепископ, во исто време и создавач на далекупознатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња – црковно, просветно и книжевно, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Житијата посветени на св. Климент го опишуваат животниот пат на светецот од неговото одење во Моравија, па до крајот на животот. Сепак, според „Пространото житие“ од Теофилакт дознаваме дека уште од млади години го придружувал Методиј, учествувал во подготовките за Моравската мисија, односно во преводите на библиските и литургиските текстови, каде што се здобил со огромно знаење кое ќе биде темел на неговото подоцнежно големо животно дело. Климент во Моравија ги споделувал сите маки и напори со своите учители, св. Кирил и Методиј, за успешно спроведување на Моравската мисија. По смртта на Методиј, во 885 година, за неговите ученици започнале деновите на прогон и мачеништво. Во Моравија се случиле трагични мигови за словенската богослужба и писменост. Таму тие претрпеле големи искушенија, но и ни оставиле доказ како да се истрае во искушенијата. Климент, Наум и Ангелариј дошле во Преслав кај царот Борис, кој покажувал интерес за вакви луѓе поради потребата од ширење на христијанството на словенски јазик. Климент не останал во бугарската престолнина, туку бил испратен во областа Кутмичевица (денешна југозападна Македонија). Причина за тоа, според проф. Блаже Конески, е несогласувањето на Климент да ја прифати кирилицата, азбука што била во употреба на бугарскиот двор. Тој сакал да ја шири словенската писменост со глаголицата што ја создал неговиот учител св. Кирил.

По доаѓањето во Охрид, со посебна грижа веднаш се зафатил со устројување на областа која му била доделена. Тука, како еден од најистакнатите ученици на светите и Кирил и Методиј, достојно го продолжил нивното дело. Може да се каже дека тој повторно ги поставил основите на старомакедонската-словенска писменост, одејќи по стапките на своите духовни отци. Свети Климент проповедал и богослужел на разбирлив народен јазик. За таа потреба, подигнал цркви и манастири и ја основал Охридската книжевна школа, надалеку позната и како прв словенски универзитет на Балканот. Така, Охрид станал црковно и книжевно жариште на македонската, но и на сесловенската писменост. Оваа школа, за период од седум години ја завршиле 3500 ученици, што е сведоштво за огромните напори што св. Климент Охридски ги вложил како учител. Со својата просветителска работа Климент Охридски подготвил четци, ѓакони, подѓакони и свештеници кои продолжиле да ја шират писменоста меѓу Јужните Словени.

По неговото востоличување за епископ Велички во 893 година, покрај него доаѓа неговиот возљубен собрат свети Наум и тој го презема раководењето со Охридскиот книжевен центар. Св. Климент, на оваа должност што ја извршувал цели 23 години, односно сѐ до крајот на својот живот, се претпоставува дека бил назначен повторно од истата причина – како казна што не ја прифатил наредбата од бугарскиот цар Симеон, во Охридската книжевна школа писменоста да ја шири на кирилица. И во Величката област тој развил широка просветителска дејност. Но сепак, за сето тоа време, честопати знаел да дојде во Охрид да се одмори во својот манастир за кој тагувал кога бил далеку од него.

Многу значајна, покрај неговата просветителска дејност, е и литературната дејност. Тој е првиот оригинален словенски автор, кој најголем дел од своите творби ги напишал во својот манастир. Изградил книжевна норма и напишал оригинална проповедничка и хагиографска литература, со што ги поставил основите на Охридскиот книжевен центар, кој го продолжил неговото просветно дело неколку века по него. Бил педагог, плоден писател, родоначалник на црковното словенско беседништво и на словенската литература.

И по неговата смрт во 916 година, Охридската книжевна школа го задржува доминантното место во развојот на македонската писменост. Свети Климент заедно со свети Наум ги зацврстија темелите, односно го продолжија делото на оние кои пред нив ја создаваа и градеа Македонската православна црква и со право таа сега се нарекува Светиклиментова. Нивната плодна дејност на полето на Црквата роди богати плодови, од кои ние и ден денес се храниме.

Свети Климент е светител од општословенско значење, кој многу брзо по неговата смрт бил канонизиран. Денес неговото тело почива во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Охрид во гроб што сам си го приготвил. Со неговото име почнува историјата на македонската литература. Со неговото име е поврзана појавата на првиот словенски уноверзитет на Балканот, чиишто ѕидини и денес се извишуваат над Охрид.

„За претворањето на мракот во светлина беа потребни луѓе со апостолски дух и визија за нивните дела да го носат универзалниот печат на сечовечките достигнувања. Мисионерската дејност на Кирил и Методиј и нивното епохално дело не би ја имале виталноста и не би ги достигнале денешните размери без нивните ученици, Климент и Наум“.

Марија Стрезоска, проф. по Македонски јазик во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид

Посетеност: 426
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Од четврток летно работно време на НУ Библиотека „Григор Прличев“

by Admin
јуни 9, 2026
0
Повик за учество во новиот поетско – прозен Алманах на Роднокрајни автори

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од четврток  11  јуни ќе работи во една смена од 8:30 до 16:00 часот. Во терминот од 8:30 до 16.00 ч. Библиотеката...

Read more

Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

by Admin
мај 11, 2026
0
Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

Лани, во ноември во Скопје, Американскиот универзитет на Европа - ФОН  ја промовира книгата ,,Читањето не е бауч" од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска...

Read more

Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

by Admin
ноември 10, 2025
0
Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

Постојана заложба на вработените во нашата установа е комуникацијата со читателите и корисниците на нашите услуги да е на едно високо професионално ниво. Паралелно се  трудиме  да го...

Read more

Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

by Admin
ноември 5, 2025
0
Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

Во периодот од 23 до 25 октомври во Мостар се одржа Четвртата меѓународна научна конференција на библиотекари ,,Библиотеке за боље сутра"), на која учествуваа околу 100 библиотекари од...

Read more

Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

by Admin
септември 19, 2025
0
Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

                 Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка...

Read more
Next Post
Ања Стефаноска и Десанка – Беба Коцарева најчитателки за 2020

Ања Стефаноска и Десанка - Беба Коцарева најчитателки за 2020

Поврзани вести

Спироска: Ми беше предизвик да ја превeдам Вулф со нејзината автентичност и да го доловам ритамот на нејзината мисла

Спироска: Ми беше предизвик да ја превeдам Вулф со нејзината автентичност и да го доловам ритамот на нејзината мисла

мај 18, 2021
Се одржа Попладневно поетско матине

Се одржа Попладневно поетско матине

декември 29, 2022
Успешно спроведен проектот „Книгата најдобар другар на децата“

Успешно спроведен проектот „Книгата најдобар другар на децата“

јули 15, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 426

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?