24 ноември, 2020 г.
Издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје, во рамките на програмата на Министерството за култура за проекти од национален интерес, ја објави книгата поезија за деца „А треба да кажам“ од Славе Ѓорѓо Димоски.
Текстовите содржани во оваа книга на нашиот роднокраен автор се наменет за деца до десетгодишна возраст и се надоврзува на претходната книга „Збороигри 2“. Ова е негова петта книга за најмладите читатели, а претходните се: „Алиса“, „Кристален сон“, „Збороигри“, „Стихотека“ и „Збороигри 2“
ЕДНОРОГ
Како да сонам ед. Но. И рог?
Како да сонам еднорог?
Се вртам ле. Се вртам вo.
Се вртам левo.
Се вртам дес. Се вртам нo.
Се вртам деснo.
Лежам на пле. Лежам на ќи.
Лежам на плеќи.
Гледам во та. Гледам во ва. Нот.
Гледам во таванот.
И чув. И ству. И вам.
И чувствувам.
На челото ми расте рог.
Јас сум еднорог!
НУ Библиотека