Излезе од печат „Без изговори“ од Зоран Јакимоски

Излезе од печат „Без изговори“ од Зоран Јакимоски

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 17 Nov 2020
17 ноември 2020 г. 
Во издание на ПНВ Публикации неодамна  излезе од печат изборот песни од Зоран Јакимоски – “Без изговори”.
„Карактеристична за поезијата на Зоран Јакимоски е (авто)референцијалноста, (пост)модернистичката празнина, онтолошкиот став на поетот” сѐ уште имам што да кажам” што самиот го покажува и докажува во секоја своја песна од збирката, одговорноста пред зборот како зададена задача од творецот во себе и од творецот на светот, исповедниот тон, со кој може да се идентификува секој читател на стиховите.” , напиша поетесата и критичар Лидија Димковска.
Книгата може да се позајми и во нашата библиотека во Охрид.
Работното време на пултот за издавање, секој работен ден е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Зачленувањето во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за една година чини 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.
НУ Библиотека