Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата
17 декември 2020 г. Министерката за култура Ирена Стефоска ја почна прес-конференцијата со информацијата дека минатата недела, на 98-от ден од новиот мандат, Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Стефоска особено ја истакна важноста на заклучокот кој се однесува на градањето во Охрид, Струга и во...