BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

На Светскиот ден на книгата прогласени најдобрите читатели и најчитаните книги

април 23, 2026
in Актуелно
На Светскиот ден на книгата прогласени најдобрите читатели и најчитаните книги

Со пригодна свеченост НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во своето пригодно обраќање директорката на Библиотеката Христина Трпеска се задржа на еволутивниот пат на книгата од праисторијата до денес:

– Книгата денес, и покрај дигитализацијата, претставува непроценлив извор на знаење, духовна исполнетост и бескрајни можности. Таа е повеќе од само физички предмет; таа е средство за откривање длабоки тајни и знаења кои тешко се наоѓаат на друг начин.  Еве што претставува книгата во денешно време: Ризиница на знаење и образование: Книгите ги прошируваат хоризонтите, го збогатуваат речникот и ја подобруваат писменоста.

Алатка за личен развој: Читањето помага во развој на критичко размислување, ја тренира меморијата и вниманието. Емоционална поддршка и бегство: Книгите се користат за борба против стресот, нудејќи релаксација и можност за бегство од реалноста. Чувар на вредности: Таа е незаменлив дел од уметноста и културата, длабоко поврзана со човековото искуство. Дигитална трансформација: Денес книгата постои во повеќе форми – печатена, електронска (е-боок) и аудио книга, што ја прави подостапна од кога било.  Во ера на брзи информации, книгата останува клучен медиум за длабинско разбирање на светот и на себеси, рече Трпеска.

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право Националната библиотека на Македонија одлучи националната порака оваа година да ја напише авторот Иван Шопов. Пораката беше прочитана и во Охрид а во неа Шопов, вели:

-Книгите не се за метеж и врева. Тие се како оној лик што не зборува многу, но кога ќе каже нешто – остава трага. Не те убедува и не ти објаснува премногу. Само ти дава нешто и те остава сам со тоа. А тоа знае да биде незгодно. Училиштата понекогаш нè навикнуваа дека некој треба да ни каже што треба да почувствуваме, што е „пораката“, што треба да „сфатиме“. Добрите книги не играат така. Тие ти даваат простор. А просторот знае да биде опасен. Особено кога ќе останеш сам со себе. Без бучава, без бегање. Само ти и некоја реченица или стих што упорно ти се враќа, вели во пораката Иван Шопов.

Оваа година, УНЕСКО ја избра познатата мексиканска писателка Елена Понијатовска (Elena Poniatowska) да ја напише светската порака, покрај вообичаеното обраќање на Одри Азуле,а на настанот ја презентираше м-р Мариче Боздоганова , советник библиотекар во установата, во неа се вели:

-Книгата не е само предмет што го ставаме на полица; таа е жив организам што дише заедно со читателот. Во овој свет што брза, каде екраните ни го крадат вниманието, книгата ни го враќа правото на тишина и на сопствени мисли. Да се пишува значи да се остави трага, но да се чита значи да се даде смисла на тој живот. Книгите се единственото место каде што сè уште можеме да се сретнеме како луѓе, без предрасуди и без граници.“

На денешниот настан беа прогласени најчитателите и најчитаните автори.

Во одделението за деца тоа се: Сергеј Тасетовиќ со прочитани 40 книги за една година а по него следуваат Филип Кордоски со 33 и Мила Стојческа со 27 прочитани книги.

Во одделнието за возрасни, најчитател е Весна Атанасоска со 152 прочитани книги, втора е Марија Петковска со 136 и Ленче Стефаноска со прочитани 119 книги во текот на една година.

Најмлади читатели со само по 2 години се Симона Пљакоска и Лилиана Ристеска. Највозрасниот читател запишан во Библиотеката е Воскресија Капричева родена 1934 година.

На светскиот ден на книгата беа прогласени и начитаните автори и книги во двата оддели. Децата најчесто ги позајмуваа следните 5 книги:

  1. Мојата ризница со бајки за принцези- Даниела Божиновска
  2. Прашања и одговори за животните – Весна Дукоска
  3. Мирабела има лош ден – Хариет Мункастер
  4. Книга за џунглата – Киплинг
  5. Мојата куќа – Ана Сосо

Меѓу возрасните читатели најпопуларни во текот на една година се следните наслови и автори:

  1. Сопругата на винарот – Кристин Хармел
  2. Последното писмо – Ребека Јарос
  3. Професорот – Фрида Мекфаден
  4. Сите недовршени нешта – Ребека Јарос
  5. Палатата со магнолии – Фиона Дејвис

Библиотекарите Никола Ристовски, Весна Симоноска и Бети Лазеска – Симоноска во рамките на проектот „Библиотекар – професија која ве носи во светот на фантазијата“ го промовираа новиот флаер и бележник на кој се поместени линковите со кодови за пристап до Фејсбук страницата,  Инстаграм, веб страницата и посебен код кој води до правилата и придобивките од зачленувањето во Библиотеката.

На околу 40 донатори на книги им беа врачени благодарници, за чинот на збогатување на книжниот фонд.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 391
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
BIBLIOTEKA FUTURA – Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

BIBLIOTEKA FUTURA - Цветна библиотека проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Поврзани вести

Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

Zoom средба со писателот Денис Драгунскиј

декември 6, 2021
Библиотека доби два примероци од книгата „Малиот принц“ од Егзипери, отпечатена во Брајово писмо

Библиотека доби два примероци од книгата „Малиот принц“ од Егзипери, отпечатена во Брајово писмо

февруари 6, 2025
Денови на српската книжевност се одржаа и во Охрид

Денови на српската книжевност се одржаа и во Охрид

ноември 25, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 391

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?