BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Утре промоција на четири книги од најновото творештво од Бела Узелова

ноември 10, 2025
in Актуелно
Утре промоција на четири книги од најновото творештво од Бела Узелова

 Утре во 12 часот во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во организација на Поетското здружение „Маскота“ од Охрид ќе бидат промовирани  четири книги од писателката Бела Узелова ( Благица Хаџи Јовановска ).

Се работи за нејзините дела: „Неизмерен шок“, „Ледениот лавиринт“, „Ликови под сенка“ и „ Таинството на легендите“ сите издадени оваа 2025 година.

На две книги издавач и финансиер е Општина Охрид, а како издавачи на останатите две се појавуваат Ирис од Струга и Дата ПЕСНОПОЈ од Битола.

Во „Неизмерен шок“ писателката Узелова,  нуди композиција водена искуствено со постојано следење на бунтот на ликовите, секој на свој начин со своите посакувања да ги наметне димензиите на својот карактер. Тоа е хумористично – сатиричен роман преполн со случки кои предизвикуваат штрекнување и шокантно примање на нештата кои се реазлични, а поттикнуваат кај читателот смеа до солзи. Токму „Неизмерен шок“ е наградена од издавачот Дата ПЕСНОПОЈ од Битола со наградата „Пелистерски ракувања“.

Романот „Ледениот лавиринт“ од Узелова е текст кој дава нешто ново , како нов ден или нов случај.  Ледениот лавиринт е замок , дворецот кој е безизлезноста на лавиринтот. Во лавиринтот живеат бубачињата  додека инсектите доаѓаат и си одат. Низ вербална алегориска слика писателката Бела Узелова стихијно не’ воведува во случувањата кои се видливи и необични.

„Ликови под сенка“ е поетска книга во која Бела Узелова во претежно куса форма ги разлева своите емоции и погледи на светот поделени во неколку циклуси.

-Книгата „Таинството на легендите“ донесува седум куси раскази  во кои доминира прикажување во духот на легендите и преданијата  кои можат да бидат врзани за одредени места и луѓе , но кои во суштина се безвременски со своите наровученија за доброто и лошото, вели авторката Узелова.

НУ Библиотека

Посетеност: 510
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

Поврзани вести

Промоција на книгата „Животен калеидоскоп“ од Наде Ќосеска

Промоција на книгата „Животен калеидоскоп“ од Наде Ќосеска

септември 16, 2024
Министерството за култура одобри 19 проекти на НУ Библиотека „Григор Прличев“

И во услови на криза рекорден буџет за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Министерството за култура

февруари 9, 2023
Јубилејни 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис

Јубилејни 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис

јуни 7, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 510

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?