BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

октомври 17, 2025
in Актуелно
Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

По повод враќањето на Пчинското евангелие од 16 век  од конзервација во депото на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа свечен настан на кој присуствуваше и Миинистерот за култура и туризам Зоран Љутков.

 

-Денес сведочиме чин што го премостува минатото со сегашноста – тивко, но свечено враќање на „Пчињското изборно евангелие“ во неговиот вистински дом, во Охрид – градот што од секогаш бил олтар на словото и светлина на духот. Ова не е само културен настан, туку победа на паметењето над заборавот, на тивкото траење над минливоста, на духовното над временото, кажа во своето обраќање министерот за култура и туризам Зоран Љутков и додаде:

-Денес, „Пчињското изборно евангелие“ – најстариот ракопис од реткиот фонд на нашата Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ – повторно го пронајде својот здив, овде меѓу древните охридски ѕидини, местото во кое зборот живеел отсекогаш. Со ова дело, напишано во последната четвртина на 16 век, повторно се затвора еден долг круг – круг на потрага, заштита и враќање дома, рече министерот Љутков.

Според  министерот Љутков, Библиотеката „Григор Прличев“ денес не е само институција – таа е жив организам на духот. Во своите депоа чува над 100.000 книги, но уште поважно – чува љубов кон знаењето.  Веќе осум децении таа е трезор на мислата, чувар на зборот и сведок на генерации охриѓани кои преку дружбата со книгата станувале луѓе во вистинска смисла на зборот – носители на развојот, достоинството и иднината на нашиот град и на нашата држава.

Како министер за култура и туризам,кажа тој на свеченоста,  ме радуваат податоците што секојдневно пристигнуваат од нашите национални и локални установи. Во нив ја гледам енергијата на едно културно општество во подем. Тоа е особено изразено овде во Охрид – каде Библиотеката станува стожер на културниот и општествениот живот.

-Во библиотеката речиси секоја недела бележиме нова промоција, нов автор, нова идеја. Тука се негуваат роднокрајните автори, библиотеката се јавува и како издавач, а во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ беше заслужено наградена како библиотека со најмногу издадени книги од домашни автори во 2024 година. Затоа денес, со враќањето на Пчињското евангелие, ние не сведочиме само на еден културен настан – туку на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја.

Тоа е доказ дека секоја установа што се стреми кон развој и посветеност, во иднина ќе биде поддржана од Министерството за култура и туризам.

Библиотеката „Григор Прличев“ бездруго е во редот на најдобрите меѓу нив, заклучи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На настанот м-р Зорица Јаковлевска Спировска, конзерватор – советник и раководител на сектор во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје , говореше како што рече  за една успешна приказна за професионален пристап, соработка и несебично вложување на стручените лица од националната библиотека и библиотеката во Охрид во заштитата Пчињското евангелие како значајно дело од нашето документарно културно наследство.

Во НУБ во Одделот за заштита, далечната 2000 година поради сериозна оштетеност и опасност од губење на информациите, од страна на колегите од библиотеката во Охрид е донесен ракопис со ознака ГБО Мс 1. Овој ракопис во описот во книгата за прием, од страна на колегите конзерватори е запишан како Прохорпчинско изборно евангелие, македонска безјусова редакција со време на создавање четврта четвртина на 16 век. Тоа е исклучителен примерок на книга со голем формат изработен на квалитетна хартија и текст испишан со црно и црвено мастило. Кај ракописот се забележани оштетувања од механичка, хемиска и биолошка природа, поради несоодветно чување и ракување. Заштитните интервенции, како чистење, неутрализација, рачна реставрација на хартиениот блок и кожната корица, конзервација и повторно подврзување се направени во Лабораторијата за конзервација и реставрација и Подврзијата. По спроведениот процес на непосредна заштита материјалот е вратен на библиотеката во Охрид.

Десетина години подоцна, во март 2011 година тогашното раководство на библиотеката во Охрид со допис се обраќа до националната библиотека и бара стручна помош заради оштетеност на вреден ракопис од нивниот фонд. По брзата реакција на стручните лица од Одделението за заштита и репрографија при националната библиотека ракописот е донесен во Скопје и веднаш е направена проценка на оштетеноста. Првичниот увид во состојбата на ракописот укажува на присуство на вегетативни и репродуктивни форми на габи на корицата и хартиениот блок, па направени се консултации со Катедрата за микробиологија, на Институтот по биологија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Поради недостаток на апаратура за спроведување на процес на дезинфекција на хартијата и кожата, ракописот е спакуван во  соодветна хартиена и полиетиленска обвивка, со цел запирање на процесот на понатамошно оштетување. Набавката на опремата за дезинфекција со метод на аноксија во Центарот за заштита, но и новововедените методологии за микрохемиски (спот) тестови на хартијата, врзивата и полнителите е можност за продолжување на заштитните активности. Реставрацијата, овој пат беше доверена на новата генерација на реставратори во Центарот за заштита во националната библиотека, кои го вложија целото свое знаење и искуство во борбата за зачувување на секоја буква од овој вреден ракопис. Процесот на заштита е заокружен со конзервација на оригиналната кожна корица, која поради голема оштетност ја изгубила својата функција, па хартиениот блок е подврзан со нов кожен повез со слична боја и состав. Изработена е и кутија од бескиселински материјал за складирање на ракописот и превентивна заштита од ново оштетување, вака процесот на заштита на евангелието го опиша м-р Зорица Јаковлевска – Спировска

Како резултат на посветеноста на раководството на Охридската библиотека за обезбедување на неопходните предуслови за враќање на овој вреден материјал во својот фонд, од страна на стручен тим од националната библиотека направен е увид во состојбата на просторот кој се користи како депо за чување на материјалите и дадени се препораки за адаптација на нов простор кој ќе ги задоволува заштитните и безбедносни стандарди за ваков вид материјал.

Поводот за денешниот настан е од голема важност не само поради фактот што оваа ракописна книга повторно ќе биде дел од фондот на библиотеката во Охрид несомнено на големо задоволство на сите љубители на книгата, туку и поради можноста, како резултат на потпишаниот договор за соработка со националната библиотека овој вреден текст во дигитална форма да стане достапен за истражувачите и пошироката јавност преку Дигиталната библиотека на Македонија, заклучи м-р Јаковлевска – Спировска.

Денешниот национален и културолошки настан во Охридската библиотека се промовира и како пригода во чест на јубилејот по повод 80-години од кодификацијата на современото македонско кирилично писмо и на современиот македонски јазик (1945 – 2025), рече во својот говор проф. д-р Илија Велев од Институтот за македонска литература. Тој говореше за значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и св. Климент Охридски, но и за создадените пишани дела од кои најголемиот дел ја имаат судбината, иако создадени кај нас , да не се на македонско тло.

-Од појавата на преродбенските народни идеи во втората половина на 19  век и сè до денес, македонското ракописно писмено наследство масовно почнало да се разнесува по туѓи средини – на тој начин настојувајќи да се присвои изворната македонска јазична и писмена традиција. Од тие причини и многу е помал бројот на зачуваното старословенско писмено наследство кое денес се чува во македонските академски, научни, културни или црковни институции – а значително е поширок списокот на идентификуваните македонски словенски ракописи кои се чуваат во странските библиотечни трезори.

Токму и ваквата состојба ни дава суверено право денес пригодно да ја одбележиме и јавно да ја поддржиме значајната иницијатива на библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид и на директорката Христина Трпеска да се приспособи библиотечниот трезор и за формирање на збирка со постаро ракописно словенско писмено наследство од македонска провениенција. Со денешнава пригода оваа иницијатива симболично заживува со повратното депонирање во соодветни услови на реставрираното ракописно Пчињско евангелие од 16 век со библиотечна сигнатура Мс 1, што ќе треба да биде основа во наредните периоди охридската археографска збирка при градската библиотека континуирано да се збогатува со нови старословенски ракописи во оригинална и во електронски дигитализирана форма.

Имајќи ги предвид водените знаци на хартијата во Пчињското изборно евангелие неговото датирање се определува од последната четвртина на 16 век, односно тоа било пишувано во 80-тите години на истиот век. Целиот ракопис го пишувал еден анонимен писец, во непознат македонски скрипториум. Веројатно пишувањето се одвивало во некои од црквите и манастирите во северниот дел на Македонија, од каде и се нашол во библиотеката на манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Токму и поради неговото потекло од наведената манастирска библиотека, ракописот се именува како Пчињско евангелие. Според содржинската структура Пчињското евангелие претставува т.н. изборно (апракосно) евангелие, со текстолошка редакција, правопис и јазик карактеристични за ракописното писмено наследство со потекло од Кратовско-лесновската книжевна школа. Изборното или апракосно евангелие содржи избор на четива од содржините на четирите новозаветни евангелија по Матеј, Марко, Лука и Јован – подредени по календарски редослед и кои се читаат при богослужењата на определени христијански празници и во неделите.

Историјатот на ракописното Пчињско евангелие се реконструира според подоцнежните записи пишувани по празните листови и по маргините на текстот. Од нивната содржина се потврдува дека во втората половина на 19 век ракописното евангелие се чувало во библиотеката на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, заклучува д-р Велев.

-Процесот не беше лесен, требаше да се надминат многу пречки, но на крајот успеавме.  Резултат од тој проект во 2023 беше и изработката на  Каталог во кој за првпат објавуваме конкретни факти за нашиот богат трезор од ретки книги од кои и за најстарата ПЧИЊСКОТО ИЗБОРНО ЕВАНГЕЛИЕ, рече во своето обраќање м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар.

-Еве, две години подоцна, евангелието го почна новиот живот меѓу нас и се надевам дека ќе ја има заслужената валоризација во иднина. Минатото на оваа книга уште е покриено со прав. Останува да истражиме, како евангелието дошло во Библиотеката, каде точно се употребувало и како стигнало во Охрид?

Во реткиот фонд во нашата Библиотека има 812  книги кои се од периодот 1872 до 1945 година, напишани во оригинал  или преведени на српски, хрватски, руски, бугарски од англиски, француски и италијански автори. Од нив во последниве седум години стручно се заштитени близу 100 книги.

За првпат светлината на денот јавно во пишан документ во овој каталог по едно опсежно истражување е претставен реткиот македонски фонд од 1944 до 1950 година. Во него се опфатени важни документи кои сведочат за темелите на македонската државност сврзани со Илинден и НОБ но и првите  научни и литературни дела како Букварот со читанка на македонски јазик, делата на Крсте П. Мисирков, Блаже Конески, Славко Јанески, Лазо Каровски, Јован Бошковски и охриѓаните Радослав Петковски и Борис Бојаџиски. Го поседуваме и фототипното издание на „Бели мугри“ од Рацин издадено 1939 година, рече Јованоски.

-Не застануваме следен чекор ни е, иако сме свесни дека е тоа долг и скап зафат да се направи посебен трезор за Евангелието и останат заштитен систем. Моја, и следна задача на целиот тим во Библиотеката ни е што поскоро се надевам со помош на Министерството за култура и туризам а и општината  да направиме реплика од оригиналот која ќе биде постојано видлива и достапна за сите посетители на Библиотеката, но и на туристите а водичите да ја вклучат библиотеката во своите тури за прошетки низ нашиот Охрид.

Крајната замисла е во рамки на Библиотеката да се изгради и посебна археографска  збирка на редок библиотечен материјал.  Целта ни е да создаваме трајни вредности, а новата технологија да ја применуваме во сите сфери од нашата работа, рече во својот поздравен говор директорката на Библиотеката , Христина Трпеска.

-Библиотеката одамна не е зајмување и враќање книга. Таа има низа функции во овој модерен свет а ние колку што ни дозволуваат можностите чекориме во пресрет на новото време и потреби на нашите сограѓани, но и на туристите кои преку лето ги користат нашите услуги.  Пчињското изборно евангелие ни е добар пример дека книгата и натаму останува најтраен медиум. Над пет века патува низ времето.

Пишувањето историја не е ниту мала, ниту лесна задача. Но денес бележиме само еден настан во летописот на нашиот Охрид, нашата таткојна како што љубел да каже нашиот патрон Прличев за својот роден град, рече директорката на библиотеката Христина Трпеска.

Настанот беше заокружен со настапот на Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос.

НУ Библиотека

Посетеност: 775
Share33
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Ние и Библиотеката од Нашице во списанието „Македонски глас“ од Хрватска

Ние и Библиотеката од Нашице во списанието „Македонски глас“ од Хрватска

Поврзани вести

Почина Георги Сталев Поповски  автор на првиот препев на македонски на „Сердарот“ од Прличев

Почина Георги Сталев Поповски автор на првиот препев на македонски на „Сердарот“ од Прличев

јануари 5, 2026
Во седиштето на УНЕСКО во Париз  ќе се чествува 100г. од раѓањето на Блаже Конески

Во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се чествува 100г. од раѓањето на Блаже Конески

март 22, 2021
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска можете да се потпишете на Декларацијата за мир во светот …

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска можете да се потпишете на Декларацијата за мир во светот …

август 29, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 775

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?