BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска можете да се потпишете на Декларацијата за мир во светот …

август 29, 2024
in Актуелно
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска можете да се потпишете на Декларацијата за мир во светот …

29 август, 2024 г.

Од денеска 29 август до 20 септември на пултот за зајмување книги во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ читателите над 18 годишна возраст ќе можат да ја погледнат и доколку сакаат да ја потпишат  Декларацијата за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје.

Носителот на оваа идеја македонскиот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, кандидат за Нобеловата награда за мир, заедно со членовите на Цветиновиот комитет за мир неодамна во Скопје ја подготвија и потпишаа Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје по повод одбележување на 79-годишнината од употребата на нуклеарно оружје во Хирошима (06.08.1945) и Нагасаки (09.08.1945).

Како претходница пристигна коверт со  разгледница по пошта до НУ Библиотека ,,Григор Прличев” Охрид со текстот од писмото што го добил Живко од Мајка Тереза во април 1984 г.

Поповски – Цветин деновиве беше гостин на Библиотеката и ја донесе Декларацијата и во Охрид а како што кажа неа веќе ја потпишале речиси сите учесници – поети на Струшките вечери на поезијата меѓу кои и добитникот на Златниот венец на поезијата – французинот Жан Пјер – Симеон.

На средбата со директорот на нашата Библиотека м-р Милчо Јованоски договорено е потпишувањето на Декларацијата во Охрид да се случува во нашата установа.

Миротворецот Живко Поповски – Цветин на директорот Јованоски во знак на неговиот четири децениски новинарски, публицистички и општествен ангажман му ја врачи „Цветиновата награда за мир“ за која Цветин кусо рече:  скромна награда во вистински раце.

– Почестен сум што почитуваниот миротворец Живко Поповски Цветин со кого се познаваме над 35 години, ме изненади и на моето работно место во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ми ја врачи впечатливата „Цветинова награда за мир“. Сум добивал често награди и признанија, но ова ми една од најдрагите со оглед на тоа што во неа вирее хуманата димензија на идејата за мир дома и во светот. Постојано, кога можам ја поддржувам креативноста и инвентивноста, но и филантропија која е длабоко вгнездена во почитуваниот Живко Поповски Цветин и која тој ја шири при секоја средба со луѓето. Нашето пријателство, како што и сам ми рече се темели на обострано почитување и без калкулации сиве овие децении. Мислам дека така ќе остане и во иднина.

Без двоумење ја потпишав и Декларацијата за мир во светот и борба против нуклеарното оружје во пресрет на 21 септември- Меѓународниот ден на мирот која ќе патува во ООН. Сонот на секој човек е да има мир, топол дом, семејство, работа и храна… Ајде сите заедно да ја продолжиме мисијата на мирот и хуманоста, како што неуморно тоа го прави нашиот пријател Цветин, вели м-р Јованоски.

НУ Библиотека

 

 

 

 

 

Посетеност: 183
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Нашата Библиотека утре ќе е домаќин на Републичкиот натпревар „Млади билиотекари“

Од 2 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ отворена за читателите од 8.30 до 18.30

Поврзани вести

Втори април е Светски ден на литература за деца

Втори април е Светски ден на литература за деца

април 1, 2021
Авторката на книгата „Рисот Ристе и пријателите“ беше во нашата библиотека

Авторката на книгата „Рисот Ристе и пријателите“ беше во нашата библиотека

мај 23, 2023
Во продажба се книгите: „За Прличев и неговиот ХIХ век“и„Прличеви беседи-хроника на еден културен настан (1952 – 2022)“

Во продажба се книгите: „За Прличев и неговиот ХIХ век“и„Прличеви беседи-хроника на еден културен настан (1952 – 2022)“

март 14, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 183

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?