BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонската азбука

мај 5, 2023
in Актуелно
Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонската азбука
5 мај, 2023 г. 
Петти мај , Денот на македонскиот јазик и азбука одбележан во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид. Со богата програма, во соработка со градинките и училиштата и граѓаните денеска во оваа установа беа промовирани македонскиот јазик и литература “Од Климента, преку Прличев до Конески и Шопов“.
НУ Библиотека Ден на македонскиот јазик

Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик и азбука под слоганот „Пишувај кирилица.“ На денешен ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик. Големиот Блаже Конески, еден од кодфикаторите на македонскиот јазик во една прилика нагласил дека ,,Јазикот е единствената наша комплетна татковина”. Овој ден е потстрек секогаш да направиме нешто повеќе за негување на сопствениот јазик и култура, посебно во ова време на наплив на странски зборови и употреба на латиницата поради влијанието на современата технологија и социјалните мрежи и да ја подигнеме свеста за значењето на јазикот за да бидеме на добар пат да ги победиме сите оние кои го негираат постоењето на нашиот јазик, вели м-р Милчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Со богата програма, во соработка со градинките и училиштата и граѓаните денеска во оваа установа беа промовирани македонскиот јазик и литература “Од Климента, преку Прличев до Конески и Шопов“

„Тоа се величини кои несмееме да ги заборавиме на нашиот пат кон иднината, затоа што тие ги поставиле основите од старословенскиот јазик па се до нашиот современ стандарден македонски литературен јазик, кој мораме секојдневно да го негуваме и градиме. Позитивно е што се носи нов Закон за македонски јазик, владата кажа дека се работи на тој закон. Позитивно е што ќе имаме годишна награда Блаже Конески за лингвистите и луѓето кои го негуваат македоснкиот литературен јазик. А најпозитивно е тоа што се надевам дека ќе се отвори простор во секоја институција во нашата држава да има работно место лектор.“ – истакна Јованоски.

Честитка за Денот на македонскиот јазик, преку видео обраќање до присутните на свеченоста во библиотеката, упати проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.

„Овај ден треба да го одбележиме, да стане познат во јавноста, да ги поттикне луѓето да се занимаваат со својот мајчин јазик и со својата култура во сите сфери на општењето и да бидат горди дека токму тој јазик ја одбележува македонската нација. На крај би сакал да истакнам дека додека постојат Македонци во оваа држава и надвор од неа, македонскиот јазик и македонската нација ќе живеат. “ – кажа Спасов во обраќањето.

Учениците и граѓаните во градската библиотека имаа можност да проследат изложба на дела од Фондот на библиотеката од Конески и Шопов , документарните филмови „ Проста и строга македонска песна“ филм за Конески , и „Тешкото“. Со рецитали за македонскиот јазик се претставија ученици од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани и од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид а најмалите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска “ цртаа инспирирани од азбуката.

ТВМ

НУ Библиотека

Посетеност: 110
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

by Admin
април 23, 2025
0
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

23 април, 2025 г. На пригодна свеченост денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. -Времето...

Read more
Next Post
Во Кочани се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Во Кочани се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Поврзани вести

Дел од творештвото на д-р Шароска достапно за читателите во нашата Библиотека

Дел од творештвото на д-р Шароска достапно за читателите во нашата Библиотека

август 26, 2020
Беседа за Прличев пред спомен бистата на патронот

Беседа за Прличев пред спомен бистата на патронот

февруари 6, 2025
Нови наслови во Библиотеката

Нови наслови во Библиотеката

декември 9, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 110

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?