BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Битолската библиотека доби Дневна соба а се инцира и Мрежа на хортикултурни библиотеки во земјава

септември 5, 2023
in Актуелно
Битолската библиотека доби Дневна соба а се инцира и Мрежа на хортикултурни библиотеки во земјава

5 септември , 2023 г. 

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола беше промовиран нов библиотечен мултифункционален простор наречен „Дневна соба на градот“ каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели. Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“, се отвора во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на настанот по повод промоцијата на просторот, истакна дека уште од времето на прочуената Александриска библиотека, библиотеките се ризници на знаење, паметници на времето и просторот и чувари на пишаниот збор.

Во Битолската библиотека се одржa и средба на библиотекарите од целата држава со основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, и со Јасмина Иванковиќ, директорка на библиотеката од Лазаревац. По тој повод, Костадиновска-Стојчевска истакна дека овој настан е уште една потврда за посветеноста на оваа национална установа за развојот на библиотеките кои се чувари на колективната меморија на еден народ, како и за примената и осмислувањето на иновативните програми во локалната средина.

− Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од Светската федерација на библиотеки и составен дел од „Агенда 2030“ на Обединетите нации, која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини. Битола е град во непосредна близина на Националниот парк „Пелистер“, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност. Токму поради тоа, од големо значење се заложбите на Битолската библиотека да го развива овој нов библиотечен концепт, институцијата да се стави во служба на граѓаните и  одржување поубава околина за живеење преку најразлични работилници и проекти поврзани со хортикултурата − рече министерката за култура.

На настанот се обрати и Бојан Стефановски, директор на Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Битола, а основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, одржа и предавање за улогата на современите библиотеки во заедницата со примери од светската практика. На средбата стана збор и за воспоставување „Мрежа на хортикултурни библиотеки во Северна Македонија“.

На овој настан присуствуваа и претставници од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

НУ Библиотека

Посетеност: 138
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Работилница за ширење на Благодарноста во детските срца

Работилница за ширење на Благодарноста во детските срца

Поврзани вести

Нови книги кои ќе го привлечат вашето внимание

Нови книги кои ќе го привлечат вашето внимание

мај 12, 2021
Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

април 15, 2024
МТВ: Во Охрид промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

МТВ: Во Охрид промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

септември 8, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 138

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?