BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во сеќавање на Ванчо Николески

април 15, 2022
in Актуелно
Во сеќавање на Ванчо Николески

15 април, 2022 г. 

Денеска се навршуваат 42 години од смртта на големиот писател Ванчо Николески кој е погребан во Охрид.

Ванчо Николески (1912-1980), романсиер, раскажувач и поет. Припаѓа на првата генерација македонски писатели за деца, генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

Ванчо со сопругата на еден настан во негова чест во Охрид. Насловната и останатите две фотографии се дел од архивата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. 

Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година во с. Црвена Вода, Дебрца, Охридско. По завршувањето на основното училиште во родното место, гимназија учеше во Охрид, а Учителска школа во Скопје. Неколку години учителствуваше во селата низ Македонија (Белчишта, Косел и др.). Тој е еден од првите учители на македонски јазик во селата на ослободена Дебрца за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна. Тоа е време кога за еден изговорен македонски збор се одеше в затвор и време кога не постоеја планови и програми за настава, а Николески самиот ја презеде тешката, одговорна и благородна работа да пишува текстови на мајчин јазик и со нив да држи настава. По ослободувањето работеше како новинар и уредник во весниците за деца „Титов пионер“ и „Пионерски весник“, како и во детските емисии на Радио-Скопје и Радио-Битола а во архивите на Радио Охрид имаше серија емисии за деца со негов автентичен глас и авторство. Значаен дел од својот работен век помина во Битола како истакнат просветен работник и пензионер. Својот животен и творечки пат го заврши во Охрид на 15 април 1980 година.

   

Две најпознати и најпопуларни дела од Николески меѓу децата ама и кај возрасните 

Уште како ученик и млад учител пишуваше песни за деца, објавувајќи ги во весниците „Учитељски подмладак“ (Ужице) и „Правда“ (подлисток за деца, Белград), како и во списанието „Венац“ на Јеремија Живановиќ (Белград). Пионерски влезе во писателските води, излегувајќи £ во пресрет на младите генерации кои очекуваа дела на мајчиниот македонски јазик. Во периодот од 1945 до 1960 година тој беше најприсутниот македонски автор во детската литература. Децата и детството беа негова постојана инспирација. Детските весници, читанките и најпознатите антологии на македонската литература за деца се збогатени со прекрасните песни и раскази на овој плоден творец. Првата негова збирка песни на македонски јазик, „Македонче“, изврши големо влијание на поетите од првата генерација, покажувајќи им како може народното творештво и традиција да се поврзат со современото творење во македонската литература. Член беше на Друштвото на писателите на Македонија од 1950 година.

Николески е автор на делата: „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946), „Школско ѕвонче“ (песни, 1947), „Прва радост“ (песни, 1947), „Мице“ (поема, 1947), „Бабино вретенце“ (песни, 1948), „Крај огниште“ (песни, 1948), „Дедови приказни“ (песни, 1950), „Шарено торбиче“ (песни, 1950), „Татковина“ (песни, 1950), „Моето село“ (песни, 1950), „Чуден свет“ (песни, 1952), „Чудотворен кавал“ (раскази, 1952), „Мојот ден“ (сликовница, 1952), „Стани, Коле“ (песни, 1952), „Братска дружба“ (приказни и бајки за деца, 1953), „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за Цар Самоил, 1954), „Приказни и бајки за деца“ (1955), „Чудни случки“ (раскази, 1958), „Волшебното самарче“ (роман, 1959), „Цвета смета“ (сликовница, 1960), „Приказни од моето село“ (раскази, 1964), „Гоце Делчев“ (роман, 1964), „Чуден дедо“ (песни, 1964), „Под виорното знаме“ (роман, 1967), „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970), „Малиот ловец“ (раскази 1970), „Станко спанко“ (песни, 1972), „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973), „Рачко плачко“ (песни, 1973), „Крвави години“ (хроника-роман), „Жива книга“ (раскази, 1978). Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Николески остави повеќе ракописи кои сведочат за неговото плодно творештво, како и за неговата собирачка дејност на македонски народни песни од околината на Дебарца.

 

Од тие ракописи издвоени се песни, поеми и приказни во стихови кои досега не се објавени и сместени се во книгата „Песни, од ракопис до книга“ (поезија, 2008). Неговите дела се преведувани на повеќе словенски јазици, а и самиот се занимаваше со преведување од српски и руски јазик (Јован Јовановиќ Змај, Виталиј Бјанки и др.). Добитник е на неколку награди, меѓу кои најзначајните се: „Климент Охридски“, „Младо поколение“ (1969), „Курирче“ (Марибор), „11 Октомври“, „Змаева награда“ и др.

НУ Библиотека

Посетеност: 208
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Нашата библиотека од утре ќе работи како библиотека од отворен тип

Нашата библиотека од утре ќе работи како библиотека од отворен тип

Поврзани вести

Судбината – не ги прави работите полесни туку возможни

август 24, 2020
Промовирана книгата “Животен калеидоскоп“ од Наде Ќосеска

Промовирана книгата “Животен калеидоскоп“ од Наде Ќосеска

септември 18, 2024
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

јануари 28, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 208

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?