BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Проф. д-р Димитар Пандев прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“

март 25, 2022
in Актуелно
Проф. д-р Димитар Пандев прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“

25 март,2022 г. 

Денеска во НУ  „Григор Прличев“ се одржа книжевен портрет посветен на професор д-р Димитар Пандев, минатогодишен добитник на наградата „Димитар Митрев“ доделена од Друштвото на пистаели на Македонија за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 за делото „Времето на Конески“.

Директорот на Установата, Милчо Јованоски истакна дека Библиотеката од 2018 година воведе прогласување на почесни членови, личности од Охрид и Македонија кои ја задолжиле библиотеката со своето творештво и соработката со установата.

priznanie copy

Во тој ранг на 10-тина македонски автори од денеска се вклучува и професор д-р Димитар Пандев, кој на македонската јавност и е познат освен како научен работник и доктор по филолошки науки, еден од најредовните учесници на семинарот за Македонски јазик, охриѓанец, рече Јованоски, додавајќи дека Пандев, го препознаваме и по она што го пишува во прозата, но во областа на славистиката и македонистиката.

 

PLAKETA Copy

-Овој портрет е резултат на долгогодишна соработка  на д-р Пандев со  Библиотеката. Ако се вратиме на неговиот животен пат треба да кажеме  дека  тој започнал со творби објавени во списанието „Јужен бран“  во Охридската гимназија, потоа преминал во литературните дружини на Библиотеката, во времето кога таа беше во стара зграда, од каде се раѓаат и низа спомени, подоцна опишани во неговите раскази. Истовремено, а можеби и најбитното, тој е наш соработник во последните години. Овој настан е одбележување на таа врска и симбиоза меѓу Григор Прличев и Димитар Пандев, двајцата охриѓани, а денеска е 25 март, денот кога се одбележува овенчувањето на Прличев со ловоровиот венец во Атина, додаде Јованоски.

slave copy

За професионалните и приватни дружби со д-р Пандев беседеше и познатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Тие заедно спаѓаат во некогаш актуелниот поетско – писателски бран од Охрид, кој не остана не забележан и во осумдесеттите од минатиот век и подоцна се зборуваше во македонските писателски кругови. Ѓорѓо Димоски за расказите на Пандев ќе рече дека се „Лебедова песна во современата македонска проза“.

kosta copy copy

За неговото прозно творештвото реферираше професор Татјана Дурнева.

      КОГА ТРЕБА ДА ЗБОРУВАШ ЗА ЛИЧНОСТ КАКО ДИМИТАР ПАНДЕВ , СЕ ПОСТАВУВА ДИЛЕМА : ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕШ ? ФИЛОЛОГ , НАУЧНИК , ЛИТЕРАТУРЕН КРИТИЧАР , ЕСЕИСТ , ПРЕВЕДУВАЧ , ПРИРЕДУВАЧ НА КНИГИ , РЕЦЕНЗЕНТ , УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР , ПОЕТ , ПРОЗАИСТ , АВТОР НА УЧЕБНИЦИ , ДОБИТНИК НА БРОЈНИ НАГРАДИ …ИЛИ , КАКО ШТО САМИОТ ЌЕ РЕЧЕ : „ ЈАС ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГРАЃАНИН НА СЛАВИСТИКАТА НА КОЈА СЕСРДНО СУМ ‘И СЕ ПОСВЕТИЛ “ .

275078931 719995385659269 6346711962982844963 n

   ВО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЌЕ СЕ ЗАДРЖАМ ПОВЕЌЕ НА ПРОЗНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИМИТАР ПАНДЕВ И СО МАЛ ОСВРТ ЌЕ ПРЕТСТАВАМ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ ОСТАНАТИ ТРУДОВИ . ПОСЕБНО МИ Е ЧЕСТ ДА ЗБОРУВАМ ЗА ПАНДЕВ КОГО ГО ПОЗНАВАМ МНОГУ ОДАМНА , ОСОБЕНО ОД ПЕРИОДОТ НА СРЕДНОШКОЛСКИТЕ И СТУДЕНТСКИТЕ ГОДИНИ,рече Дурнева. 

ANA

Расказот „Рјабиба“ од д-р Пандев го прочита средношколката Ана Бачиќ.

Во своето обраќање, Пандев се осврна на работењето со Блаже Конески, а една од темите бил и Тиквешкиот зборник. За своето творештво вели дека во неговите раскази не го продуцира ликот „јас“, нагласувајќи дека во своите раскази секогаш правел корелација меѓу науката и литературата.

PANDEV 1

Се тоа што го имам внесено во прозата на извесен начин се потпира врз определени теми на вистината на лингвистиката, рече Пандев.

Потенцираше дека поемата „Глаговидни песновиденија“ е замислена како студија за глаголицата која се’ уште не ја напишал но  се надева дека наскоро ќе биде готова.

НУ Библиотека

Посетеност: 229
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Саемот на книгата во Скопје се враќа во мај

Саемот на книгата во Скопје се враќа во мај

Поврзани вести

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

јуни 13, 2025
И ние дел од настанот „Охрид во чест на Блаже Конески“

И ние дел од настанот „Охрид во чест на Блаже Конески“

јули 9, 2021
Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

февруари 11, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 229

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?