BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во продажба се книгите: „За Прличев и неговиот ХIХ век“и„Прличеви беседи-хроника на еден културен настан (1952 – 2022)“

март 14, 2022
in Актуелно
Во продажба се книгите: „За Прличев и неговиот ХIХ век“и„Прличеви беседи-хроника на еден културен настан (1952 – 2022)“

14 март, 2022 г. 

На пултот за зајмување во нашата Библиотека од денеска можат да се купат две изданија од нашата издавачка продукција. Се работи за книгите:  „За Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски и „Прличеви беседи- хроника на еден културен настан ( 1952 – 2022) од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. Купете ги по цена од 250 и 270 денари по примерок. 

Книгата „За Прличев и неговиот ХIХ век“со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ  се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар, м-р Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв пат во печатена форма) за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

„Прличеви беседи- хроника на еден културен настан ( 1952 – 2022) беше промовирана  на годинашните Прличеви беседи. 

Со промоцијата на монографијата  НУ Библиотека „Григор Прличев“ го започна  одбележувањето на  70 годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.

-Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно со 1996 година. Нејзини издавачи се: Градската библиотека „Григор Прличев“, Радио Охрид и книгоиздателството „Мацедониа Прима“.  Ние, како автори продолживме, таму каде што се застанало и преку документи, фотографии и искажувања се надеваме дека како наш залог за идните генерации уште еднаш ги зацврстивме историските и развојните факти, за седумте децении и посебно за последните 25 години сврзани со настаните од „Прличевите беседи“ одржани во нашата матична НУ Библиотека која со гордост го носи името на својот Патрон – Григор Прличев. Концепциски, оваа монографија е збогатена со сеќавања и беседи за Прличев од наши и странски писатели и поети. На површина излегуваат нови факти и нешта кои до денеска не сме ги знаеле или не биле доволно разјаснети.  Монографијата не е само гола фактографија на настани и хроника, туку содржи и низа стручни елементи и научни истражувања кои „шетаат“ во длабочина и широчина низ животот и творештвото на преродбеникот Прличев, веалт авторите Јованоски и Змејковска.

НУ Библиотека

Посетеност: 124
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

by Admin
април 23, 2025
0
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

23 април, 2025 г. На пригодна свеченост денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. -Времето...

Read more
Next Post
По повод Светскиот ден на поезијата следи „Напиши стих – купи кафе“

По повод Светскиот ден на поезијата следи „Напиши стих - купи кафе“

Поврзани вести

И нашата Библиотека дел од свеченостите во чест на светите Кирил и Методиј

И нашата Библиотека дел од свеченостите во чест на светите Кирил и Методиј

мај 24, 2022
Костадиновска-Стојчевска во работна посета на институциите: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на институциите: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

март 8, 2022
„Напиши стих – купи кафе“ – кај кого одат наградите и благодарниците?

„Напиши стих – купи кафе“ – кај кого одат наградите и благодарниците?

април 10, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 124

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?