BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Потпишани се договорите за проектите кои ќе ги финaнсира Министерството за култура

февруари 21, 2022
in Актуелно
Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

22 февруари, 2022 г. 

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид се задоволни со доделените средства во висина од над еден милион и четиристотини илјади денари со кои Министерството за култура на Република Северна Македонија  ќе учествува во финансирањето на Годишната програма за работа во оваа 2022 година од областа на библиотечната и издавачката дејност.  

Според зборовите  на директорот на библиотеката м-р Милчо Јованоски со средства од Буџетот на државата покрај манифестацијата „Прличеви беседи“ која веќе се одржа ќе се финансираат уште осум програмски активности.

-Најмногу пари ќе се одлеат во основната дејност на библиотеката во збогатувањето на книжниот фонд. Стручната комисија на установата за набавка на нови книги во одделението за возрасни ќе има буџет од 300 000 а за одделението за деца 150 000 денари. Книгите ќе се набавуваат по пат на јавна набавка и во неколку наврати со цел да се следи актуелната издавачка продукција. Годинава повеќе средства од лани Библиотеката доби за обуки на вработените како и за набавка на два компјутери, зебра печатач и за заштита на оштетени стари раритетни книги по пат на конзервација и реставрација. Во областа на издавачката дејност и литературата ресорното министерство одобри два проекти кои ќе ги работат тимови од вработени во установата: Збирка на Прличевите слова во ракопис и монографијата  70 години НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Останатите средства ќе бидат наменети за покривање на материјалните трошоци на библиотеката и за електрична енергија и други комунални трошоци, вели Јованоски.

Од осми декември, минатата година библиотеката во функција го стави идентичниот простор на оној во кој дотогаш работеше и наскоро, најверојатно во март со намалувањето на Ковид -19 се очекува конечно библиотеката од шалтерски да премине во отворен тип на установа. Приоритет е зголемување на бројот на читатели без разлика на возраста и конечно создавање еднакви можности за сите со поставување на пристапна рампа за лицата со посебни потреби.

–  Доколку епидемиолошката состојба покаже  намалување на короната, вели директорот Јованоски не очекува првиот еднодневен саем на книгата  во просториите на библиотеката а во соработка со издавачот „Сакам книги“. До крајот на годината ќе следат уште неколку саеми од разни издавачи. Планирани се и неколку средби и промоции на нивни книги со роднокрајни автори и други македонски писатели.

Наскоро во библиотеката ќе биде отворено Италијанското катче во чие опремување се очекува помош и од Италијанската амбасада во Скопје а замисла е летово Библиотеката во соработката со Фестивалот „Охридско лето“ да  промовираат роман од италијански автор со македонски корени кој ќе биде преведен на македонски јазик.

НУ Библиотека

 

 

 

 

 

Посетеност: 258
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Видео од промоцијата на монографијата ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ – ХРОНИКА НА ЕДЕН КУЛТУРЕН НАСТАН ( 1952 -2022)

Видео од промоцијата на монографијата ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ - ХРОНИКА НА ЕДЕН КУЛТУРЕН НАСТАН ( 1952 -2022)

Поврзани вести

„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

февруари 2, 2021
Охридска “Рапсодија во сино” во чест на лицата со аутизам

Охридска “Рапсодија во сино” во чест на лицата со аутизам

април 2, 2021
Донација на ЕМИТЕР за нашата библиотека

Донација на ЕМИТЕР за нашата библиотека

април 6, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 258

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?