BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

„Цветната штафета“ вчера беше дочекана и во Охрид

мај 21, 2021
in Актуелно
„Цветната штафета“ вчера беше дочекана и во Охрид

21 мај, 2021 г. 

Во пресрет на 24 мај – Денот на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј во организација на уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир познатиот Живко Поповски – Цветин, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  и  ООУ „Св. Климент Охридски“ вчера заеднички  беше организиран  дочекот на Цветната штафета на мирот. 

   

Живко Поповски– Цветин речиси целокупното свое творештво во изминатите три и пол децении  му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основната порака: „ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

-На овој начин ја поддржавме идејата на познатиот Поповски – Цветин  преку неговата цветна штафета и од Охрид ( штафетата тргна на 21 јануари годинава од ОУ Живко Брајковски во Бутел – Скопје ) децата да ја испратат пораката за мир и љубов.

Не случајно бевме во ова училиште на ридот  кое го носи името на големиот Св. Климент Охридски. Сакавме во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески  пред денот на сесловенските просветители да ги споииме вековите и овој заслужен творец од областа на современиот македонски јазик, литература и култура  со светите Кирил и Методиј, Св. Климент и Григор Прличев за да останат врежани во колективната меморија на децата, рече Милчо Јованоски од Библиотеката „Григор Прличев“.

 

Охридската библиотека  на околу 70 деца – учесници им подари по една книга, ја збогати и нивната училиштна библиотека со дела од познатиот автор Миле Волканоски, Вера М Самарјанин и Живко Поповски – Цветин а за својот ангажман сите деца и наставници – учесници добија мали минијатури со цветна порака од  сликарот Цветин.

 

– Сакам да се заблагодарам на уметникот и хуманитарец Цветин и на Библиотеката што го одбраа нашето училиште за овој настан. Радоста на децата беше нешто најубавото што го почуствуваме сите на завршниот чин со читање на пораката за мир и љубов и нејзиното испраќање кон светот со пуштањето на балоните во разиграни бои.

Учениците од трето одделение од централното училиште и подрачното во населбата Далјан под менторство на нивните наставнички: Оливера Дамјановска, Ленче Лабоска, Виолета Јанковиќ и педагогот Славица Илиќ, неколку денови вредно цртаа и пишуваа творби посветени на мирот и љубовта. Фотографиите најдобро ќе ја илустрираат возбудата кај децата,  вели директорката на училиштето Наташа Танеска.

 

Над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија. Досега Поповски има организирано над 300 изложби на сите континенти.

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година тој  беше кандидат за Нобелова награда за мир, кога од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.

Идејата е „Цветната штафета“ во текот на оваа година да ја обиколи целата наша земја а по можност да продолжи и на Балканот.

НУ Библиотека

Посетеност: 415
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

Поврзани вести

Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

јуни 1, 2022
Нови наслови во нашата Библиотека

Нови наслови во нашата Библиотека

ноември 24, 2021
Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

септември 4, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 415

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?