BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ања Стефаноска и Десанка – Беба Коцарева најчитателки за 2020

декември 7, 2020
in Актуелно
Ања Стефаноска и Десанка – Беба Коцарева најчитателки за 2020

7 декември, 2020 г. 

Во чест на 8 декември Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ им беа врачени благодарници на најредовните читатели за 2020 година.

Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека  покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори.

Охриѓанката Десанка Коцарева – Беба е пензионерка и денеска ја прогласивме за најредовен и најчитател во одделението за возрасни. Таа вели дека без книга не може и дека чита од како знае за себе.  Можеби патот од нејзиното родно Берово до Охрид може да се покрие со книги кои таа досега ги прочитала. Посакува нашата библиотека наскоро да биде од отворен тип ( процес кој во НУ запре поради Ковид – 19 и други објективни причини ). На заминување ни рече дека преку нас сака да им порача на издавачите и на авторите во своите нови книги да ги поместуваат и биографиите за одблиску читателите да се запознаат и со животите на оние кои пишуваат.

Благодарниците и наградите во вид на книги, како што доликува на нашата институција, на добитничките им ги врачи директорката Гордана Змејковска.

Денеска НУ Библиотека на сопствената веб страница сподели и пригоден текст за животот и делото на св. Климент Охридски подготвен од  проф. Марија Стрезоска од СОСУ „Св. Кирил и Методиј “  во Охрид  а во просториите на библиотеката е поставена и изложба на книги под наслов: „Од Климента до Прличев“.

Разговорите со начитателките во целост ќе бидат објавени наскоро на нашата веб страница.

НУ Библиотека

Посетеност: 232
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

by Admin
јуни 4, 2025
0
Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

4 јуни, 2025 г.  Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена...

Read more

Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

by Admin
мај 29, 2025
0
Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

  29 мај, 2925 г.  Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок од 17 часот ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска...

Read more

Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на Библиотеката

by Admin
мај 23, 2025
0
Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на  Библиотеката

23 мај 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска одржа пригодна свеченост посветена на 24 мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Тоа е денот на кој...

Read more

Со свои трудови колешката Елена Станкоска учествуваше на меѓународни конференции во Требиње и Велес

by Admin
мај 21, 2025
0
Со свои трудови колешката Елена Станкоска учествуваше на меѓународни конференции во Требиње и Велес

21 мај, 2025 г.      Во Требиње, Република Српска кон крајот на април, се одржа 25-тата меѓународна конференција за библиотекари под наслов: ,,Библиотеките и културното наследство" на која...

Read more
Next Post
На денешен ден пред 27 години почина Блаже Конески

На денешен ден пред 27 години почина Блаже Конески

Поврзани вести

Во спомен на писателот и колега Тоде Илиевски

Во спомен на писателот и колега Тоде Илиевски

март 7, 2022
Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

јуни 1, 2022

Кој нешто многу сака, ќе најде начин, кој не сака ,ќе најде оправудвање

август 30, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 232

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?