25 ноември, 2020 г.
Во новата, неделна понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ овој пат доминираат македонски автори и Достоевски со четирите тома – руска класика „Браќата Карамазови“.
На пултот за издавање уште денеска можете да ги побарате и следниве наслови: „Светли и темни ѕвезди во душата“ од Јован Стрезовски, „АОА“ од Борис Јанков, „Тајната на Алексови“ – семејна сага за три генерации од Наде Стоиљковиќ „Моќта на словото“ од Радослав Љубиќ и Силвана Јакимова и романот „Проклетството на Палмизанови“ од Рафал Надал.
Годишна членарина во библиотеката, за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.
Библиотеката е отворена секкој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза од 13 до 13 и 30 часот поради задолжителната Ковид дезинфекција.
НУ Библиотека