BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

септември 26, 2026
in Актуелно
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска.
На средбата беше претставено севкупното творештво на Милена Златеска, претседателка на Друштвото, која со својата долгогодишна активност придонесува за негувањето и промовирањето на македонската култура и традиција во Хрватска.


Милена Златеска е родена на 3 јануари 1964 година во Македонски Брод. Таму завршила гимназија, а Економскиот факултет го завршила во Прилеп.
До 5 март 1992 година живеела во Македонски Брод со своите родители, а потоа заминала во Република Хрватска. Во Пула ја продолжила својата животна приказна со сопругот Ратко Златески, кој во тоа време веќе живеел и работел во градот. Заедно имаат три ќерки.


Уште од доаѓањето во Пула активно се вклучила во работата на македонските асоцијации. Во повеќе мандати била благајник на МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“ – Пула, како и дописник за весникот „Македонски глас“. Неколку години била административен секретар и член на Советот на македонското национално малцинство за Град Пула, како и член на Советот на македонското национално малцинство за Истарска жупанија. Била и секретарка и потпретседателка на Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ – Пула.


Денес е претседателка на МКД ИЖ „Св. Кирил и Методиј“ – Пула, членка на Управниот одбор на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, членка на Советот на македонското национално малцинство за Град Пула и членка на Редакцискиот одбор на „Македонски глас“. Таа е и секретарка на Македонската православна црковна општина „Св. Јоаким Осоговски“ – Пула.


Златеска е членка и на Хрватското книжевно друштво – Риека, „КУЛТура сНОВА“ – Загреб и Книжевно-ликовното друштво „Решетари“, како и државјанка на Поетската Република на Банатскиот културен центар „Ново Милошево“.


Поезија пишува уште од средношколските денови, а нејзини песни се застапени во бројни македонски, хрватски и меѓународни книжевни зборници и антологии. Во 2012 година била застапена со десет песни во стихозбирката „Избор песни на македонски автори од Хрватска“, а досега има објавено шест стихозбирки.


Посебно место во нејзиното творештво има збирката со македонски народни песни „Песна низ вековите“, која има 1.800 страници и е поделена во четири тома. Златеска е нејзин приредувач.
Како и при посетата точно пред две години, и овојпат во Прличевата одаја одекна македонската песна во изведба на пејачката група на Друштвото, во која, покрај Македонци, членуваат и Хрвати.


Дружбата во Библиотеката продолжи со поетско читање на автори од Охрид, Струга и Пула: Мирко Томовски, Ристе Миладин, Теодора Витасовиќ, Митре Мангоски, Бранка Орлиќ, Виолета Ачкоска, Злата Кукуљ, Митко Колјушевски, Стојан Георгиев, Миладин Угреновиќ, Луција Шкариќ и Габриела Давидовска Баниќ. Овој дел од настанот го водеше писателот Мирко Томовски.


Настанот со своето присуство го збогати и Живко Поповски – Цветин, кој ги црташе своите познати „цвеќиња на мирот“. Цветин на Милена Златеска и на охридскиот, светски познат уметник Јордан Манасијевски им подари по една Цветинова награда за мир.

 
На почетокот на средбата, м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар, во име на директорката на Библиотеката, Христина Трпеска, ги поздрави гостите од Пула и присутните. Во име на установата, на Милена Златеска и на Друштвото им подари колекција од новите изданија на Библиотеката и од други македонски издавачи.

За возврат, Милена Златеска на Библиотеката ѝ подари примероци од својата најнова збирка со македонски народни песни.

Повеќе фотографии од настанот побарајте на нашите ФБ страници: https://www.facebook.com/bibliotekaohrid

НУ Библиотека

Посетеност: 1.190
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

by Admin
ноември 18, 2026
0
Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026 .Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски е...

Read more

Со трудот „Македонистот Волф Ошлис“ Милчо Јованоски учествуваше на Меѓународна конференција во рамките на „ III Мисиркови денови“

by Admin
ноември 18, 2026
0
Со трудот „Македонистот Волф Ошлис“ Милчо Јованоски учествуваше на Меѓународна конференција во рамките на „ III Мисиркови денови“

 На 16 и 17 ноември, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје, се одржаа „III Мисиркови денови“, посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков...

Read more

Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

by Admin
ноември 7, 2026
0
Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

Вчера, на 62-годишна возраст, почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и роднокраен автор. „Со длабока тага и неизмерна почит се...

Read more

Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

by Admin
октомври 30, 2026
0
Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

Во рамките на програмата за одбележување на „Месецот на книгата“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид најавува уште три културни настани, кои ќе се одржат од 2 до...

Read more

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more
Next Post
Книгата зборува со сите – инклузивни читања со глуви и наглуви лица

Книгата зборува со сите - инклузивни читања со глуви и наглуви лица

Поврзани вести

Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

август 25, 2021
Луиз Глик – добитничка на Нобеловата награда за литература

Луиз Глик – добитничка на Нобеловата награда за литература

октомври 8, 2020
НУ Библиотека „Григор Прличев“ достојно му се оддолжи на патронот

НУ Библиотека „Григор Прличев“ достојно му се оддолжи на патронот

февруари 6, 2026

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 1.190

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?