BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промоција на книгата „НУ Библиотека ’ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

декември 3, 2025
in Актуелно
Промоција на книгата „НУ Библиотека ’ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од  Милчо Јованоски

 Деновиве Охрид богато и со низа настани ќе го одбележи 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.  

Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 декември од 11 часот во големата сала на Општина Охрид  ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски во издание на Библиотеката.

Авторот, м-р Јованоски, во неа ги вклопил новите истражувања сврзани со животот и делото на Прличев, напишани во новинарски манир кои се движат по линијата на книжевното и публицистиката.

Оваа „книжевна читанка“ е прва во издание на Библиотеката, паралелно напишана на македонски и англиски јазик и истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Таа, пред сѐ им е наменета на странските гости на Библиотеката, но и градот.

Утре книгата ќе ја промовира проф. д-р Зоран Тунтев. На настанот ќе говори и Христина Трпеска, директорка на охридската Библиотека а се очекува да се обрати и претставник на Општина Охрид.

Не случајно книгата се промовира на празникот на градот. Позната е длабоката и континуирана духовна врска и влијание која св. Климент ја имал врз охридскиот поет и преродбеник Прличев. Но и Прличевата голема љубов и познавања на Климентовото дело опишано и во „Словото за Климента“ кое го одржал пред охриѓани во далечната 1867 година.

Прличев со своите дела оставил неизбришлива трага во вкупната меморија на луѓето и тлото до каде што стапнал. Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците.

Паралелниот текст од македонски на англиски го преведе д-р Габриела Неделкоска а нејзиното издавање финансиски го помогнаа Општина Охрид, Халкбанка и Охридски бисери „Филеви 1928“. Отпечатена е во Ирис – Струга во тираж од 200 примероци.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 912
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

by Admin
септември 26, 2026
0
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска. На средбата беше претставено...

Read more

Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

by Admin
септември 25, 2026
0
Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

Апликацијата повеќе не се наоѓа на веб-страниците на Google Play и App Store, па затоа новите корисници не можат повеќе да ја преземат. Корисниците кои веќе го имаат...

Read more

Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

by Admin
септември 24, 2026
0
Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

       Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на културно - уметничка средба на која гости ќе бидат членови на Македонското...

Read more

Охриѓанките Марина Икономова – Шокева и Енис Хилми станаа членки на ДПМ

by Admin
септември 22, 2026
0
Охриѓанките Марина Икономова – Шокева и Енис Хилми станаа членки на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија неодамна го прошири своето членство со шест авторки и автори. Меѓу новите челнови на ДПМ се и Марина Икономова  Шокева и Енис Хилми...

Read more
Next Post
Промовирана книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски

Промовирана книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски

Поврзани вести

DW: Јубилеи: 100 години од смртта на Цепенков и 100 години од раѓањето на Јаневски и Видоески

DW: Јубилеи: 100 години од смртта на Цепенков и 100 години од раѓањето на Јаневски и Видоески

септември 7, 2020
Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ  ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО  И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

март 25, 2025
Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

Излезе од печат „Детоксикација“од Крсте Шопоски

декември 29, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 912

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?