BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Пчињското евангелие од XVI век, повторно во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

октомври 16, 2025
in Актуелно
Пчињското евангелие од XVI век, повторно во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

   По повод враќањето на вредното Пчињското изборно евангелие од 16 век во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“во Охрид утре, петок на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 13 часот ќе се одржи пригодна свеченост.

За значењето на евангелието се очекува да говорат министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска, м-р Зорица Јаковлевска – Спировска од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, д-р Илија Велев од Институтот за македонска литература во Скопје и м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар во охридската библиотека.

„Пчињското изборно евангелие“ важи за најстар ракопис зачуван во стариот – редок фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Ракописот е најден од страна на книжевниот историчар  и истражувач на стари ракописи Михајло Георгиевски во необработениот фонд во библиотеката во1999 година.  Тој го поттикнал тогашното раководство на Градската библиотека во Охрид, Евангелието да го даде во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје да биде заштитено.

Првата конзервација и реставрација на евангелието во НУБ е во 2000 година и било вратено во Охрид, каде останало до 2011 година. Поради несоодветните услови за чување ( голема влага ) при направената контрола од страна на стручни лица врз ракописот се забележани сериозни оштетувања на книгата и таа е повторно вратена во Скопје на нова концервација и реставрација која се случила во 2014 година.

Откако во 2023 година со финансиска помош од 300 000 денари од страна на Министерството за култура, Библиотеката го реализира проектот за адаптација на простор и отвори Депо за редок библиотечен фонд со примена на високи стандарди за негово чување, се создадоа услови и за враќање на Пчињското евангелие кое датира од последната четвртина на 16 век.  Сега, Евангелието повторно е дома, во депото во Охрид.

Во петок ќе биде промовиран и новиот Каталог посветен на враќањето на Евангелието во Охрид, со конкретни факти за него и за богатиот трезор од ретки книги

Во Охрид во реткиот фонд има 812 книги и тоа од периодот 1872 до 1945  година напишани во оригинал  или преведени на српски, хрватски, руски, бугарски од англиски, француски и италијански автори. Од нив во последниве пет години стручно се заштитени околу 100  книги.  Во Каталогот по едно опсежно истражување е претставен реткиот македонски фонд од 1944 до 1950 година. Во него се опфатени важни документи кои сведочат за темелите на македонската државност сврзани со Илинден и НОБ но и првите  научни и литературни дела како Букварот со читанка на македонски јазик, делата на Крсте П. Мисирков, Блаже Конески, Славко Јаневски, Лазо Каровски, Јован Бошковски и охриѓаните Радослав Петковски и Борис Бојаџиски.

Настанот ќе биде збогатен со настапот на Градски хор „Вокс Лихнидос“ под диригентската палка на Бурим Хидри.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 794
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

Пчињското евангелие од 16 век, повторно дома во нашиот трезор, следен чекор е изработка на негова реплика

Поврзани вести

Искрениот човек ја кажува вистината , а паметниот – во вистински момент

март 11, 2021
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

август 18, 2026
Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

април 22, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 794

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?