BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Огледало

Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

септември 19, 2025
in Огледало
Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

                 Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Наум Трајчески „ Шарени дијаманти“.

Книгата е во издание на Агенцијата за иселеништво а по тој повод на промоцијата присуствуваа директорот на агенцијата Горан Ангелов и Билјана Костова, раководител на секторот за културен развој на иселениците.

Директорот Ангелов потсети дека стихозбирката ,,Одминато време“ издадена во 2017 година на Наум Трајчески му го донесе досега најголемото признание – наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга – поезија на иселеник со македонско потекло, што  ја доделува Агенцијата а во рамките на Струшките вечери на поезијата во 2018 година.

Костова од Агенцијата за иселеништво  на авторот, во име на долгогодишната соработка, му врачи специјална Благодарница. Таа по сите протоколарни говори му се заблагодари што во овој, како што рече бездушен дигитален свет, ние се’ уште добиваме писма по пошта со срдечни поздрави од Австралија и благодарност за нашата грижа кон иселениците, токму од нашиот Наум.

Наум Трајчески е роден 1952 година  во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Тој неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одржувањето на библиотека, поетски манифестации и годишниот конкурс за најдобри поетски и прозни творби на македонски за деца.

-Наум Трајчевски е македонски поет и писател познат во светот на македонската поезија по своите шест поетски дела и неколку награди за нив. Неговата поезија зрачи со креативност и ангажираност.  Неговиот свет на интерес, преточен во песна се потпира врз  љубовта, миграцијата и историјата. Како писател што се преселил во Австралија, неговиот живот и овде и таму,  има и многу влијанија од различни култури, што очигледно е ( кога ќе ги прочитате песните )  дека ја збогатиле неговата поетска широчина.

Токму, оваа, најнова, седма стихозбирка „Шарени дијаманти“ е спој на зрелоста во годините, но и умеењето со стиховите на авторот Наум Трајчески.

Како што шарените дијаманти објективно се ретки, така и неговите поетски изблици обоени со спектарот на животот, градат една поинаква слика за секојдневието и се борат во овој целосно хаотичен свет во кој се мешаат реалното и имагинарното, кога нормалното станува неподносливо чудно а критериумите одамна се изместени и владеат некои нови вредности, непишани правила и луѓе.

Наум, притиснат од сето ова , но и од семејните и лични  борби во поезијата наоѓа една своја оаза на мирот,  лагуна или своја поетска мека, рече еден од промоторите Милчо Јованоски

За промоторот Мирко Томовски ова поетско дело на Трајчески безнапорно развива поетско пеење со едноставен пристап на јазикот, исполнето со слики од животот на два мегдани,две животни епизоди на два континенти.Низ секоја песна и секој стих провејува насушното , носталгичното и неизмерната љубов , нашата македонска печалбарска судбина. Стихозбирката тематски е поделена на четири циклуси.

Според Билјана Петрова од Македонското литературно друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан, Трајчески иако отсутен од Македонија  ја носи својата татковина во својата поезија.Тоа е поезија која се вљубува во минатото, но истовремено и’ два смисла на сегашноста.

Библиотеката на роднокрајниот автор и нејзин почесен член Трајчески му додели нова благодарница за ширење и зачувување на македонскиот збор на австралискиот континент.

Да потсетиме , завчера во Скопје директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска потпишаа Меморандум за соработка.

Во таа чест на директорот Ангелов вчера Библиотеката му подари Благодарница и избор од книги од сопствената издавачка продукција.

НУ Библиотека

Посетеност: 473
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Од четврток летно работно време на НУ Библиотека „Григор Прличев“

by Admin
јуни 9, 2026
0
Повик за учество во новиот поетско – прозен Алманах на Роднокрајни автори

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од четврток  11  јуни ќе работи во една смена од 8:30 до 16:00 часот. Во терминот од 8:30 до 16.00 ч. Библиотеката...

Read more

Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

by Admin
мај 11, 2026
0
Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

Лани, во ноември во Скопје, Американскиот универзитет на Европа - ФОН  ја промовира книгата ,,Читањето не е бауч" од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска...

Read more

Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

by Admin
ноември 10, 2025
0
Ентериерот во нашата библиотека полека добива ново руво

Постојана заложба на вработените во нашата установа е комуникацијата со читателите и корисниците на нашите услуги да е на едно високо професионално ниво. Паралелно се  трудиме  да го...

Read more

Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

by Admin
ноември 5, 2025
0
Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

Во периодот од 23 до 25 октомври во Мостар се одржа Четвртата меѓународна научна конференција на библиотекари ,,Библиотеке за боље сутра"), на која учествуваа околу 100 библиотекари од...

Read more

Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

by Admin
март 25, 2025
0
Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ  ИЗВОРОТ НА ЕДНО КЛИМЕНТОВО  И ПРЛИЧЕВО СЛОВО

За континуитетот на македонската книжевност постојат објавени студии, за него станува збор и во пошироките и општи книжевно - историски теми, во врска со кои се организирани и...

Read more
Next Post
Промоција на книгата „На иста адреса“ и Сатирична работилница за деца со гости од Македонска Каменица

Промоција на книгата „На иста адреса“ и Сатирична работилница за деца со гости од Македонска Каменица

Поврзани вести

Во пресрет на Прличеви беседи: Аудио запис од нашата архива-Автобиографијата

Во пресрет на Прличеви беседи: Аудио запис од нашата архива-Автобиографијата

февруари 4, 2021
Разговор со Лилјана Пандева лауреат на Конкурсот „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски

Разговор со Лилјана Пандева лауреат на Конкурсот „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски

февруари 10, 2021
Библиотеката достојно се вклучи во „Прличевите беседи 2023“

Библиотеката достојно се вклучи во „Прличевите беседи 2023“

февруари 7, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 473

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?