BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

јуни 12, 2025
in Актуелно
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г. 

Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од проф. д-р Симона Мартиноска.

-Кога започнав да пишувам, не знаев што ќе напишам, како тоа ќе изгледа, ниту дали воопшто ќе има некоја завршна форма или содржина. Само знаев дека сакам нешто да ставам на хартија што одамна го носам во себе. И така започнав, без намера или замисла за некакво споделување или објавување. А, најмалку со умисла дека сум некаков писател, ниту тогаш, ниту сега… Потоа се охрабрив да им дадам нешто да прочитаат моите најблиски. Не можев да се изначудам кога побараа да прочитаат уште. Тоа ме поттикна  нешто да излезе и надвор од мојот дом. Па така, изненадувањето беше уште поголемо кога и овде сретнав заинтересираност за „уште“.

Напишаното е ткаенина создавана, меѓу сенките на вчера и денес, на што се надоврзуваат испреплетени светови, реални и надреални, а сето тоа го оформува мојот став кон денешната моја стварност, вели во предговорот на книгата – авторката д-р Мартиноска.

Меѓу кориците на „Ткаенина на животот“ сместени се дури 52 раскази поделени во два дела. Преку исклучително вештата нарација, Бојаџиева – Мартиноска го внесува  читателот во „нејзините чевли“, за сосема несвесно да патува заедно со неа, низ нејзините топли приказни и да се врати во едно друго поубаво време. Вториот дел од книгата носи раскази кои таа ги „собрала“ на патот од пубертетот до зрелите години. Тоа се навидум едноставни теми од секојдневието а толку длабоки и филозофски. Слушнати, раскажани, прераскажани или доживеани искуства.

Промотори ќе бидат проф. д-р Јованка Денкова и м-р Милчо Јованоски

Расказите ќе ги читаат: м-р Климент Арнаудов и Марина Мартиноска а промоцијата ќе биде збогатена со настапот на  виолинистката Александра Бухолц -Мартиноска, родена во Варшава, Полска, која своето образование го надградила на престижни музички академии во Виена. Таа е добитничка на повеќе од дваесет награди на меѓународни натпревари, а од 2014 година настапува како прва виолина тути, на државниот оркестар Тонкунстлер во Виена, каде и што живее.

Д-р Симона Мартиновска е редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

НУ Библиотека

Посетеност: 84
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more
Next Post
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

Поврзани вести

Беседа за Прличев пред спомен бистата на патронот

Беседа за Прличев пред спомен бистата на патронот

февруари 6, 2025
Со прогласување на читателите на годината и доделување благодарници за донаторите го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

Со прогласување на читателите на годината и доделување благодарници за донаторите го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

април 26, 2022
Промовирани сликовници од авторката Вера М Самарјанин

Промовирани сликовници од авторката Вера М Самарјанин

јуни 1, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 84

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?