5 јуни, 2025 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9 јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9 до 14.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.
Истовремено известуваме дека на 11 јуни ( среда ) пултот за зајмување книги ќе биде отворен од 8 и 30 до 10.30 часот.
Тој ден НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е домаќин на Регионална средба и работилница на библиотекари на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека “ на која ќе учествуваат сите вработени во Библиотеката.
НУ Библиотека