8 април, 2025 г.
Утре, среда 9 април од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески.
Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески а свое обраќање ќе има и авторот Костески.
Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови светови во сферата на книжевноста, македонската писменост и култура , поврзани со Светото писмо.
Григор Костески е роднокраен автор роден е 1955 година во село Арбиново, Дебрца и по професија е дипломиран инженер – архитект. Негова животна преокупација се книжевноста, поезијата и уметноста. Се занимава и со сликарство. Пред неколку години ја издаде првата збирка поезија „Горски гротески“.
НУ Библиотека