7 април, 2025 г.
На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден на литературата за деца библиотекарки од нашата Национална установа помогнаа во комплетното преуредување на тамошната училиштна библиотека.
На обострано задоволство колешките Весна Симоноска, Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска – Зимоска заедно со учениците и вработени во училиштето, стручно средија ново катче од лектирни изданија и други популарни дела за деца.
Посетата на училиштето во Пештани беше можност на сите ученици во петто одделение да им се врачат бесплатните членски карти со важност од една година за зајмување книги во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
НУ Библиотека