27 март, 2025. г
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид во чест на денот кога Прличев во Атина е овенчан со ловоров венец за поемата „Сердарот“ утре, петок на 28 март организира промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак.
Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното.
Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за расказ „Живко Чинго“.
Промотри ќе бидат проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски
Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 13 часот.
НУ Библиотека