7 февруари, 2025 г.
Пред два дена во рамките на чествувањето на ликот и делото на Григор Прличев“ во Охрид му беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј ал Асади. Поемата на Ал Асади под наслов „Никогаш пред ил’ потем“ беше избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се распишува во чест на охридскиот поет и преродбеник, Прличев.
Книгата веќе може да се зајми во нашата Библиотека .
Славе Ѓорѓо Димоски, претседателот на жирито, за поемата „Никогаш пред ил’ потем“ рече дека се издвоила од другите 12 доставени труда, како според поетскиот израз на авторот така и според начинот на кој е изнесена тематиката.
Во неа е пронајдена посебна вредност, во начинот на интерпретација на обработената тема. Темата е од подалечното историско минато, говори за последната битка на Александар Македонски во Индија. Во поемата авторот бега од историските факти и отвора едно големо филозофско прашање: која е најголемата победа во животот на човекот?
Поентата на поемата е дека духовната победа, духовниот мир е вечното што го краси човекот.
НУ Библиотека