6 февруари, 2025 г.
Меѓу најпознатите негови дела се поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, како и познатото дело „Автобиографија“.
Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Лавров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талнет. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се’ уште не е надминато.
Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери.
Вториот ден од традиционалната манифестација ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ продолжи со Панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.
Меѓу бројните делагации беше делегацијата од нашата Библиотека во која беа колегите: Бети Лазеска – Симоноска, Коста Трифуноски и Николче Блажески.
НУ Библиотека