BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промвирана книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“ од Мариче Боздоганова

декември 5, 2024
in Актуелно
Промвирана  книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“ од Мариче Боздоганова

5 декември, 2024 г.

Во присуство на претставници на општина Охрид и Дебраско – кичевската епархија, писатели, други  гости и колеги денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид   во пресрет  на  8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски заштитникот и патронот на нашиот град во Прличевата одаја беше промовирана  книгата на м-р Мариче Боздоганова ,  „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“.  Како соработници во издавањето на овој вреден  материјал кој на овој начин се трга од заборавот се јавуваат колешките м-р Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска.

Со минута молк присутните изразија почит кон неодамна упокоениот митрополит на Дебарско – кичевската епархија и администратор Австралиско- сиднејски  Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, за грижата и неговата непроценлива улога во заштитата на сакралното културно наследство на Охрид и регионот.

Дедо Тимотеј, ќе остане во нашите сеќавања  и во црковната историја на Охрид, меѓу другото и  како Возобновител на Светиклиментовиот манастир на Плаошник, а да потсетам дека 8 декември е празник и на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија.

-Македонската православна црква и сите ние Македонците со посебно внимание, но и со гордост го празнуваме споменот на својот патрон Свети Климент Охридски. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, рече Христина Трпеска во воведното обраќање в.д директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и додаде:  Во преданијата Свети Климент најчесто се среќава со Свети Наум Охридски, со кого најчесто се претставени како браќа. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на браќа во духовна смисла – собраќа, но повеќемина се склони да тврдат дека Свети Климент и Свети Наум навистина биле родени браќа.  Не само затоа што Свети Климент бил епископ, а Свети Наум презвитер, а во православната црква епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.

Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 9 август во Охрид. Бил погребан во гробот што самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон.“ Уште за време на животот Св. Климент својот именден го празнувал на денот кога Светата христијанска црква го празнувала споменот на Светиот свештеномаченик Климент папа Римски  на 8 декември.

-Охрид особено делот на Ридот лежи на скриено и старо, непроценливо богатство од бројни цивилизации кои минувале и оставале траги во времето. Оттаму и легендите и претпоставките кои кружат и се прераскажуваат на дојденците дека стариот Лихнид, далеку подоцна Охрид е  Ерусалим на Балканот и во него некогаш имало верувале или не 365 активни цркви – по една за секој ден од календарската година, рече промоторот м-р Милчо Јованоски.

М-р  Мариче Боздоганова во својот труд преточен во книга, а работен од идеја до реализација најмалку две години, хронолошки оди од почетокот на зачуваните сознанија за темата, се движи низ вековите и застанува токму до овие дни. Таа ќе запише:

Појавата и стапките на првата македонска библиотека може да се евидентираат во втората половина на 9  век, паралелно со ширењето на христијанството на Балканот. Глаголицата е првата словенска азбука создадена од светите браќа Кирил и Методиј Солунски.  Светата проповед на словенските апостоли, молитвено вдахната и научно осветлена се огласила во 862 година. Нивната просветителска дејност ги отворила цариградските црковни двери за книжевна и литургиска продукција на словенски јазик кај сите народи и придонесла во обликување на средновековната македонска книжевност.

Продолжувачи на делото на солунските Браќа се светите Климент и Наум Охридски кои во Охрид развиваат моќен образовен – културен центар познат како Охридски универзитет. Така, во Охрид Климент, со основањето на манастирот Свети Пантелејмон ја основал и првата библиотека, со што ја започнал и историјата на македонското библиотекарство. Со создавањето на Охридската книжевна школа 886 година, започнува период на културен процут во Македонија и на Балканот. Преку охридската книжевна школа Македонија станува значаен културен центар од кој се шири словенската писменост и култура низ целиот словенски свет. Со Св. Климентовата и со св. Наумовата  библиотека започнала историјата на македонското библиотекарско дело и монашкиот живот во македонското православие.

Во реткиот фонд на нашата Библиотека овде во Охрид има 812 книги од кои педесеттина се стручно заштитени и се чуваат во пред една година специјално отвореното депо за редок библиотечен материјал.

Горди сме што  ПРОХОР-ПЧИЊСКО ИЗБОРНО ЕВАНГЕЛИЕ, БЕЗЈУСОВА МАКЕДОНСКА РЕДАКЦИЈА важи за најстар ракопис зачуван во стариот – редок фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Минатото на оваа книга сé уште е покриено со прав и недоумици. Како дошла во Библиотеката, каде точно се употребувала и како стигнала во Охрид?

Ракописот е најден во необработениот фонд во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во 1999 година каде што се чува и сега, запишал Михајло Георгиевски авторот на книгата Словенски ракописи во Македонија, кој всушност и го пронашол евангелието во купот стари книги во една од просториите на  настарата Библиотека крај езерото.

Историчар и истражувач на стари ракописи Михајло Георгиевски го поттикнал тогашното раководство на Градската библиотека во Охрид, Евангелието да го даде во Скопје да биде заштитено. Токму таму, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Лабораторијата за конзервација и реставрација се води со време на  создавање во четвртата четвртина од 16 век или помеѓу (1575 – 1600 ) година. На два пати е конзервирано и сега Евангелието е се’ уште во НУБ Скопје , се’  додека ние не обезбедиме просторни и заштитни услови за негово чување и секако презентација, рече Јованоски

Со издавањето на оваа книга целта е да се даде слика на културното книжевно наследство од XVIII и XIX век во Охрид и околината. Анализирана е староста, писмото, темите и стил на кој се пишувани, како материјалот на кој се печатени – издадени книгите.

По претходно извршени истражувања  со благослов од упокоениот Владика г. Тимотеј и преку НУ Завод и Музеј и обезбедената дозвола од Управата за културно наследство тимот уште од почетокот на оваа година започна со теренските истражувања. Опфатени се книги кои се сопственост на црквите Св. Богородица – Перивлепта, Св Богородица – Каменско, Св. Ѓорѓи во Горна Влашка маала, Св. Никола во Долна Влашка маала и црквата  Успение на Пресвета Богородица во село Скребатно и во библиотеката на охридскиот Завод и Музеј.

Од податоците, со коишто денес располагаме, се гледа дека црквите, а пред сè Охридската архиепископија, како моќни економски установи, биле во можност да одржуваат долготрајни врски со најоддалечените библиотеки и центри на Православната Црква. На тој начин фондот на книгите станувал поразновиден, така што се носеле книги од разни жанрови, главно од Русија или од Србија, Солун, Франција, Цариград, Дубровник и др. места. Писателите, монаси што работеле во манастирите, луѓе како св. Климент и св. Наум Охридски, Константин Брегалнички, св. Гаврил Лесновски, Владислав Граматик, Јован и Лазар од Кратово, Висарион од Дебар, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партение Зографски, и многу други познати или непознати црковни дејци оставиле зад себе такви книжевни споменици со коишто денес се китат многу туѓи библиотеки надвор од нашите простори, a само мал дел стари оригинални ракописи главно од XIII до XIX век се чуваат кај нас. Особено во преродбенскиот XIX век, огромен број на ракописи, самостојни дела, преписи и преводи создадени повеќе векови порано, биле одземени и однесени во Русија и во некои од соседните земји. Овие ракописи се чуваат во музеи и библиотеки во Русија, Украина, Бугарија, Србија, Хрватска, итн.

Нашата наука не располага со точен број колку книги имало во манастирите, но од прекрасните историски и богословски ракописи денес е сочуван значително мал дел. Доколку би се зачувале овие ракописни богатства денес можеби ќе ја имавме најголемата и најбогатата библиотека на словенски ракописи во Европа.

Во Охрид во црквите кои беа предмет на истражување од страна на нашиот тим забележано е во книгата дека најчесто се чуваат и низа вредни книги, но артефакти, како и литургиски предмети, историски транскрипти, псалми, месечни минеи, црковни службеници, псалтири, ирмолеји и друго.

На поголемиот дел од книгите, како што запишала авторката Боздоганова им е потребна заштита бидејќи се наоѓаат во критична состојба: оштетени страници и корици од влага и флеки од свеќи.

Импонира и податокот дека во Охрид,  што покажува дека култот кон св. Климента е голем постои и  црковен печат со ликот на Свети Климент кој ја покажува припадноста на книгата. Служел за распознавање, обележување и заверка на книгата. Со тоа книгите имале и имаат своја автентичност и припадност.

Книгата содржи 63 фотографии на кои објективно се фрла зрак светлина врз непроценливото книжевно наследство, но се гледа и запуштеноста и потребата она што малку ни останало да го заштитиме и зачуваме.

НУ Библиотека

Посетеност: 156
Share37
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

Поврзани вести

Дел од тиражот на Водичот за пациенти за дијализа го подаривме во „Нефроплус“

Дел од тиражот на Водичот за пациенти за дијализа го подаривме во „Нефроплус“

декември 2, 2022
Нова дигитализирана книга„Жура за Жура“ ( автор Владо Жура )

Нова дигитализирана книга„Жура за Жура“ ( автор Владо Жура )

август 12, 2023
Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“  со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од  смртта на патронот

Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од смртта на патронот

февруари 6, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 156

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?