31 октомври, 2024 г.
Со решение на министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска и официјално в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е Христина Трпеска и досега вработена во установата како библиотекар, стручен соработник во заштита на културно наследство.
До смена на раководниот кадар во оваа установа дојде по неотповикливата оставка од лични причини која на почетокот од овој месец до ресорниот министер Љутков ја поднесе досегашниот директор м-р Милчо Јованоски.
Денес се случи и примопредавањето на функцијата, а в.д директорката Трпеска ја имаше и првата средба со вработените.
НУ Библиотека