2 октомври, 2024 г.
Директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, м-р Милчо Јованоски денеска до министерството за култура и туризам и лично до министерот Зоран Љутков поднесе оставка од функцијата.
Во дописот стои: – Почитуван министер, господин Зоран Љутков, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од лични причини.
Како вработен во установата, останувам во неа на работното место виш библиотекар во Одделнието за културни манифестации, односи со јавноста, издавачка дејност, меѓународна соработка и маркетинг и од таа позиција ќе се залагам за понатамошен развој на Библиотеката.
М-р Јовановски до министерството и министерот поднесе и отчет за сработеното за периодот јануари 2022 до 1 октомври 2024 година.
НУ Библиотека