28 септември, 2024 г.
Вчера во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беше реализирана работилница дел од проектот „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгите“, финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2024 година.
Во него беа вклучени ученици и библиотекари од четири основни училишта од Охрид: „Григор Прличев“, „Св.Климент Охридски“, „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ .
Автор на проектот е Маја Трајковиќ од Скопје и таа заедно со соработничките Душанка Трпевска, Билјана Аџиовска Панџарова и Љупка Стојменова од мај досега одржа работилници во Скопје и Кочани, вчера во Охрид а ќе следи работилница и во Битола.
Низ игра, комуникација, песна и збор и на овој начин децата се поттикнуваат да станат дел од јавните библиотеки и содржините во нив да им станат поблиски.
На крајот од работилницата беа доделени сертификати за учество на сите ученици, училишни библиотекари, училишта, библиотекари, директори и јавни библиотеки.
Директорот на нашата установа м-р Милчо Јованоски во знак на соработката и успешно спроведената работилница на м-р Маја Трајковиќ и врачи благодарница за ширење на македонскиот јазик и култура.
Маја Трајковиќ е професор по француски и италијански јазик и книжевност, библиотекар, м-р по менаџмент во образование, рецензент за учебници по француски јазик, авторка на книгите „Мрачен и светол дом” романот за деца „Златна душа”и автобиографскиот роман „Пресек“.
Добитничка на наградите „Библиотекар на годината – Павлина Цунева-Маказлиева за 2021 година” од здружението „Средби под јаворите” – Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.
Повеќе фотки на нашата фејсбук страница
НУ Библиотека