BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани имаат богата културна програма и книги достапни за сите генерации

април 14, 2024
in Околу нас
Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани имаат богата културна програма и книги достапни за сите генерации

14 април, 2024 г.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид во Библиотеката „Григор Прличев“ на промоцијата на проектот „Книгата поблиску до старите лица“, рече дека Министерството за култура инвестира во проекти што ја прават културата достапна за сите.

„Охридската библиотека како институција на културата има исклучително значење за културниот развој на охриѓани. Затоа вложуваме во библиотечната дејност, во чии рамки за Охридската библиотека, за реализација на годишната програма, обезбедивме над 1 милион денари, што е околу 10 проценти од вкупниот буџет“, рече министерката за култура.Министерството за култура, рече Костадиновска-Стојчевска на средбата со директорот на установата, Милчо Јованоски, континуирано поддржува проeкти за подобрување на условите за работа и за развој на  библиотечната дејност во Охрид, додавајќи дека оваа дејност има посебно значење за задоволување на потребите на постарите лица.

„Инвестираме во културата за да ја направиме полесно достапна за граѓаните. Се грижиме охриѓани да имаат вредна и шаренолика културна програма за сите генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на проектот на Библиотеката „Григор Прличев“ во  Охрид и волонтерите на Црвениот крст, кои во континуитет ќе се грижат за приближување на книгата до домот на секој корисник што ја сака литературата.

За време на посетата, директорот Јованоски ја запозна министерката за култура со тековните активности на Библиотеката, како и со актуелните предизвици со кои се соочува оваа национална установа. Во знак на благодарност за поддршката на проектот Светски патувачки поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“, на министерката за култура ѝ беше врачена статуетата „Михаи Еминеску“, што ѝ ја додели Европската фондација и меѓународна академија „Михаи Еминеску“ од Крајова, Романија.

Извор: Министерство за култура

Посетеност: 209
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Поврзани вести

„Сметам дека телевизијата е многу едукативна. Секогаш кога некој ќе го вклучи телевизорот, јас одам во друга соба за да читам“ – Гручо Маркс

април 5, 2021
Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

октомври 25, 2021
Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“  со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од  смртта на патронот

Денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132 годишнина од смртта на патронот

февруари 6, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 209

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?