BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Министерството за култура одобри 19 проекти на НУ Библиотека „Григор Прличев“

февруари 9, 2024
in Актуелно
Министерството за култура одобри 19 проекти на НУ Библиотека „Григор Прличев“

9 февруари, 2024 г.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе добие од Министерството за култура околу 1 200 000 денари за 19 проекти што се близу до средствата одобрени и реализирани во претходната 2023 година. Вработените се задоволни од одобрените средства и проекти преку кои ќе продолжи трендот на успешно работење на библиотеката и нејзино отворање на локален, државен и меѓународен план, велат од Установата.

Во годишната програма за работа на Библиотека доминираат 15 проекти од библиотечната дејност. Вработените ќе бидат фокусирани на реализација на почетната фаза од дигитализација на библиотеката, збогатувањето на книжниот фонд во детското и одделението за возрасни и заштитата на библиотечните добра, но и на заштитата на стари и ретки книги по пат на конзервација и реставрација, а ќе има пари и за континуирани обуки на вработените. Од проектите кои значат вклучување на читателите и граѓаните ги издвојуваме: Втората годишна средба на роднокрајните писатели, Читаме гласно и раскажуваме, Книгата , најдобриот другар на децата и Книгата поблиску до старите лица кој ќе се реализира во соработка со Црвен крст – Охрид. Средства ќе има и за проектот Млади библиотекари, како и за работата на книговезницата. За првпат со помош од стручни – надворешни лица оваа 2024 библиотеката ќе го спроведе проектот: „Слушај музика, напиши збор, насликај книга“, потенцираат.

Во делот на издавачко – литературната дејност Министерството за култура на Библиотеката и одобри три проекти. Првото издание на фестивалот на поезијата „ Слушни го езерото“ е планиран за 20 и 21 јуни за Денот на Езерото а во соработка со библиотеките од Струга и Поградец.

Библиотеката доби средства за печатење на книгата „Црковните и манастирските библиотеки во Охрид“ од м-р Мариче Боздоганова како и за настанот „Бранко Цветковски – 70 години живот и 50 години творештво“. Во делот на инвестициите годинава библиотеката доби средства за делумна обнова на канцеларискиот мебел. Надвор од годишната програма финансирана од страна на Министерството за култура менаџментот на библиотеката најавува и низа други настани кои ќе се плод на креативноста на вработените а финансиски делумно покриени од сопствени средства и други спонзори и донатори, додаваат во соопштението од Библиотеката.

Вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година изнесуваат 867 милиони и 600 илјади денари или 14 милиони евра.

Охрид Њуз

НУ Библиотека

Посетеност: 165
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

by Admin
мај 29, 2025
0
Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

  29 мај, 2925 г.  Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок од 17 часот ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска...

Read more

Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на Библиотеката

by Admin
мај 23, 2025
0
Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на  Библиотеката

23 мај 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска одржа пригодна свеченост посветена на 24 мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Тоа е денот на кој...

Read more

Со свои трудови колешката Елена Станкоска учествуваше на меѓународни конференции во Требиње и Велес

by Admin
мај 21, 2025
0
Со свои трудови колешката Елена Станкоска учествуваше на меѓународни конференции во Требиње и Велес

21 мај, 2025 г.      Во Требиње, Република Српска кон крајот на април, се одржа 25-тата меѓународна конференција за библиотекари под наслов: ,,Библиотеките и културното наследство" на која...

Read more

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more
Next Post
Амбасадорот на Република Полска Гжелчик донира книги во охридската библиотека

Амбасадорот на Република Полска Гжелчик донира книги во охридската библиотека

Поврзани вести

Осум нови наслови, осум нови автори

Осум нови наслови, осум нови автори

јуни 9, 2021
Промовирана книгата „Млечни заби“ од Хана Корнети

Промовирана книгата „Млечни заби“ од Хана Корнети

ноември 12, 2023
м-р Јовановски: Отчет за сработеното од јануари 2022 до 1 октомври, 2024

м-р Јовановски: Отчет за сработеното од јануари 2022 до 1 октомври, 2024

октомври 2, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 165

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?