Осум нови наслови, осум нови автори

Осум нови наслови, осум нови автори

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 09 Jun 2021

9 јуни, 2021 г. 

И оваа недела ви предлагаме осум интересни наслови кои веќе се обработени и достапни за позајмување во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Побарајте ги:  „Сребрениот дух на езерото сонува“ од Мерсиха Исмајлоска во издание на Бата Прес, „Мајчината порака“ од Атанас Бојаровски, самостојно издание помогнато од Министерството за култура.

                 

Не помалку провокативни со својата содржина се и следните наслови: „Човек без адреса“ од Јусуф Сулејман во издание на Академски печат , „Училиште за скандал“ од Ричард Шериден во издание на Перун Артис и „Нож“ од Владимир Попов, Култура.

 

Свои пораки и животни приказни меѓу кориците „кријат“ и книгите: „Патешествие низ времето“ од Ибраим Џемаил и драмите „Трудница“ и „Тајни“ од авторката  Габриела Стојаноска – Станоевска обете финансирани од Министерството за култура.

Во неделната понуда оставивме простор и за Ибраните дела од Александар Поповски во издание на Александар и Александар.

Потсетуваме, годишната членарина за возрасни е 300 а за деца и ученици 200 денари.

НУ Библиотека