BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Заврши Светскиот патувачи фестивал„Прличев и Еминеску -поглед кон иднината“

април 24, 2023
in Актуелно
Заврши Светскиот патувачи фестивал„Прличев и Еминеску -поглед кон иднината“

24 април, 2023 г.

Со поетско читање и доделување благодарници и договор за идна соработка,  во саботата во манастирскиот комплекс „Св Спас“ во Горно Лакочереј  беше заокружен  Светскиот патувачки поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“.

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид и престижната  Меѓународна академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија три дена во Охрид гостуваа поети од Романија, Унгарија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија,  Косово и Северна Македонија.

Првиот ден во четвртокот во Прличевата одаја на Библиотеката се одржа мал научен симпозиум на кој присутните говореа за ликот и делото на двајцата поети од 19 век кои ги споија македонската и романската култура – нашиот Григор Прличев и Михаи Еминеску кој во Романија, како Прличев кај нас  е прогласен за национален поет.

Воведничари во темата беа академик Јон Деаконеску,  претседател на Академијата „Михаи Еминеску“ и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската библиотека.

Свои обраќања во врска со темата и учеството на Светскиот патувачки поетски фестивал имаа поетите: Градимир Гојер, Бојко Ламбовски, Јетон Келеменди, Константин Барбу, Зоран Анчевски и Иван Антоновски. Присутните беа поздравени од академик Миле Д. Миќуновиќ, иницијаторот за овој настан и проректорката на УИНТ „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Устијана  Речкоска – Шикоска.

По завршувањето на настанот поетите – гости имаа куса средба со други охридски автори и вработени во Библиотеката.

Од централниот настан снимено е и видео кое е веќе обработено и поставено на You tube каналот.

Првото попладне во Охрид поетите го поминаа со кафе и читање поезија во култниот „Аквариус“. Место кое над 30 години е мека на луѓето од културата а во него читале и беседеле и познатите македонски писатели и поети: Видое Видически, Матеја Матевски, Петре Бакевски, Георги Старделов,  ред други учесници на Струшките вечери на поезијата  а таа поетска приказна ја продолжи Славе Ѓорѓо Димоски со колегите.

Истиот ден гостите беа воодушевени од  убавината и богатото културно и историско наследство на Охрид.

Петокот беше резервиран за посета на Музејот на вода  кај Градиште и манастирскиот комплекс Свети Наум.

Со кафе и манастирска ракија подарок од Отец Нектариј поетите опиени од сината езерска шир и спокојот близу манастирот во Свети Наум одржаа ново поетско читање.

Светскиот патувачки поетски фестивал беше заокружен со уште едно читање во конаците на манастирот „Св Спас“ и дегустација на етно храна.

Договорено е соработката помеѓу Библиотеката и Академијата да продолжи и да се продлабочи  а наскоро е можно заеднички да биде издаден еден вид алманах со песни, биографии на учесниците и фотографии од охридската поетска дружба на македонски и англиски јазик.

Организаторот – библиотеката од Охрид на сите учесници им подари статуетки со ликот на Прличев, книги од македонски поети на англиски јазик и ред други подароци во знак на сеќавање на средбата.

Претседателот на академијата од Крајова, академик Јон Деаконеску го одликува академик Миле Д. Миќуновиќ со титулата Почесен член на Академијата во Крајова а министерката за култура на Северна Македонија,  Бисера Костадновска – Стојчевска и  м-р Милчо Јованоски, првиот човек на охридската библиотека како најзаслужни за оваа светска поетска средба беа одликувани со медали „Михаи Еминеску“ од страна на Извршниот комитет на Меѓународната академија а беа прогласени и за Амбасадори на културата од страна на истоимената Европска фондација и Меѓународна академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија.

„Светскиот патувачки поетски фестивал“ е проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и е дел од Годишната програма за работа финансиски помогнат од Министерството за култура, Шпаркасе банка и Метал Апостолов од Кавадарци.

НУ Библиотека

 

 

 

 

 

 

Посетеност: 173
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

Силвија Крстевска кај возрасните и Бисера Ангелоска кај децата нај читатели во 2022

Поврзани вести

Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус

Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус

април 7, 2021
Додека трае вонредната состојба Библиотеката нема да работи

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

декември 7, 2021
Одново осветлена бистата на Прличев

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид распишува конкурс за најдобра беседа на тема: „Чувај се себеси“

декември 11, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 173

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?