BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

март 25, 2023
in Актуелно
За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

25 март, 2023 г.

На денешен ден пред 163 години,  на традиционалниот конкурс за поема, што се одржал во Атина, големиот поет и преродбеник Григор Прличев го добил Ловоров венец за поемата „Сердарот“ и бил прогласен за втор Хомер.

Во сеќавање на тој настан НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова вчера во родната куќа на татко ѝ организираа книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“.

– Не случајно за првпат за јавноста се отвори дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата.  Со овој настан го продолживме и чествувањето на 130 годишнината од смртта на Прличев. Денеска ние ставивме само ново камче во мозаикот нарачен куќата на Ѓурчинови која е под заштита на државата и пишуваме нова историја во која се надевам ќе има место и за други книжевни средби, рече Милчо Јованоски, директор на Библиотеката.

– Долго време се носев со идејата по смртта на моите родители Анка и Милан Ѓурчинови да направам нешто со што оваа куќа ќе заживее повторно, токму во духот на книжевноста. Бидејќи тука мојот татко ги напиша најголем дел од книгите полни со домашна и меѓународна литературна критика, а во овој салон каде што сме собрани престојувале безброј домашни и странски поети, добитници на Златниот венец на поезијата на СВП и познати слависти со кои моите родители имаа долги разговори во кои доминираше поезијата и воопшто пишаната реч. Посебно сум му благодарна на Јованоски, директорот на охридската Библиотека за поддршката и тоа што ме охрабри да го одржиме овој настан, рече ќерката на академик Ѓурчинов, д-р Анастасија Ѓурчинова.

Професор Татјана Дурнева маестрално го презентира есејот  „ Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“ од академик Ѓурчинов и самата се потсети на нејзините студентски денови и контактите со него.

-Во овој есеј на мојот татко, академик Ѓурчинов поентата е дека споредувајќи го нашиот Прличев со другите поети од тоа време, нему му  даваме само додадена вредност како автор кој и денес е актуелен и ненадминат барем кај нас, рече проф. д-р Ѓурчинова.

Годинава се навршуваат 95 години од раѓањето на проф. Ѓурчинов. Со многу емоции од присутните посебно од најблиските на академик Ѓурчинов беше проследен дел од аудио записот авторство на м-р Милчо Јованоски од проектот на Библиотеката „Роднокрајни критичари“ во кој покојниот Ѓурчинов зборува за детството и семејната лоза.

НУ Библиотека

 

 

 

Посетеност: 170
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more
Next Post
Ивона Куноска од Пештани најдобар Млад библиотекар за 2023

Ивона Куноска од Пештани најдобар Млад библиотекар за 2023

Поврзани вести

„Напиши стих – купи кафе“ – кај кого одат наградите и благодарниците?

„Напиши стих – купи кафе“ – кај кого одат наградите и благодарниците?

април 10, 2022
Во боите на „ретките“ блесна и Библиотеката во Охрид

Во боите на „ретките“ блесна и Библиотеката во Охрид

февруари 24, 2021
Нов месец – нови книги во Библиотеката

Нов месец – нови книги во Библиотеката

декември 2, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 170

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?