BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Три актуелни книги сврзани со одржаните „Прличеви беседи 2023“ достапни за читателите во охридската Библиотека

февруари 10, 2023
in Нови книги
Три актуелни книги сврзани со одржаните „Прличеви беседи 2023“ достапни за читателите во охридската Библиотека

10 февруари, 2023 г. 

На пултот за издавање во охридската Библиотека може да се позајмат најновите три изданија промовирани на манифестацијата „Прличеви беседи 2023“.

Од Библиотеката информираат дека монографијата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’ Охрид“ од авторот Милчо Јованоски може да се позајми, но и да се купите по цена од 400 денари примерок.

Библиотеката лани одбележа 70 година откако го носи името на големиот поет и преродбеник од 19 век Григор Прличев. Тоа беше убав повод, гордо следејќи ја традицијата на Св. Климент Охридски и нашиот Патрон Прличев како автор да се зафатам со монографско меморирање на еден долг период од цели 25 години и да се надоврзам на основата која несебично срочена во монографија под наслов: Охридската библиотека „Григор Прличев“ издадена во 1998 зад себе ја остави нашата покојна колешка Маринела Јовановиќ. Тој континиуум изнедрен векови наназад носи со себе датуми кои не смеат да бидат заборавени. Но и настани и луѓе кои оставиле и оставаат трага во живеењето на Библиотеката и на овој наш сакан, убав и мил Охрид, каков што е опеан во безброј песни, вели авторот Јованоски во предговорот на монографијата.

Во рамките на беседите во Прличевата куќа градоначалникот Кирил Пецаков на директорот на Библиотеката Јованоски му врачи по еден примерок од двата тома од „Автобиографијата“ од Прличев отпечатена со Брајово писмо.

Издавач е Алдебаран од Струга а преводот, адаптацијата, белешките и поговорот се на поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Најновата понуда од Библиотеката ја заокружуваме со печатеното издание на најдобрата поема за 2023 „Коњски житија“ од Зоран Анчевски од Конкурсот „Григор Прличев“ распишан од страна на истоимениот Центар за култура во Охрид, велат во соопштението.

Потсетуваат дека НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид со читатели работи од понеделник до петок од 8:30 до 18:30 часот, а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Воедно информираат дека околу позајмувањето на книги, продолжување на рокот и други прашања сврзани со издавањето корисниците може да се јават на телефонот 046 264 838 или преку меил адресата prlicev_ cobiss3@yahoo.com.

НУ Библиотека

Посетеност: 159
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

by Admin
април 17, 2025
0
Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

17 април, 2025 г. Деновиве  излезе од печат книгата  „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ од д-р Гоце Џуклески  и м-р Наумче Џуклески. -Ова дело...

Read more

Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

by Admin
април 3, 2025
0
Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

3 април, 2025 г.  На пултот за зајмување побарајте ги  трите нови романи на Гордана Такец: Руски рулет, Балканот е валкан и Нашите испуштени нешта. Писателката Гордана Такец...

Read more

„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

by Admin
март 25, 2025
0
„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

25 март, 2025 г. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од печат излезе стихозбирката „Искривена демократија“ од роднокрајниот поет Иван Велјаноски. Книгата содржи 52...

Read more

„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

by Admin
февруари 7, 2025
0
„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

7 февруари, 2025 г. Пред два дена во рамките на чествувањето на ликот и делото на Григор Прличев“ во Охрид му беше врачена наградата за најдобра поема на...

Read more

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

by Admin
јануари 28, 2025
0
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

28 јануари 2025 г.  Историјата на човештвото е и историја на мојата земја, неповторлив дел вграден во сегашноста за да ни ја осветлува иднината. Оваа земја е запаметена...

Read more
Next Post
Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Поврзани вести

Црвен крст – Охрид со конкурс на тема: „Чувајте се, за ние да бидеме среќни“

Црвен крст – Охрид со конкурс на тема: „Чувајте се, за ние да бидеме среќни“

септември 15, 2020

Почина роднокрајниот автор – д-р Стојан Ристески

јануари 31, 2021
Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

Се одржаа „Прличеви беседи“ 2021

февруари 6, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 159

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?